Втор спелеолошки камп на Галичица

Bottom Time од Охрид и Спелеолошки клуб „Златоврв“ од Прилеп, од 16 до 21 ви август во соработка со националниот парк „Галичица“, по втор пат организираат спелеолошки камп на Галичица.

 |   | 

Второ издание на спелеолошкиот камп на Галичица. И оваа година во организација на спелеонуркачкиот клуб „Bottom Time“ од Охрид и Спелеолошки клуб „Златоврв“ од Прилеп, а во соработка со националниот парк „Галичица“ во периодот од 16 до 21 ви август, по втор пат ќе биде организирана серија на активности. Никола Паскали од „Bottom Time“, информира дека годинава кампот ќе биде поделен во два правци, сува спелеологија и вежби на спелеонуркачки техники под вода. Ќе бидат посетени веќе познатите пештери, а ќе се истражуваат и нови пештери кои во минатите години веќе се позицинионирани. Исто така учесниците ќе вежбаат спелолошки техники на јаже.

„Сега за сега немаме откриено некоја туристичка пештера лесна за пристап каде можеме групи туристи да носиме, но овие пештери се интересни за научната јавност, ги работат геролозиве, начниците, исто имаме контакти со Словенија, Унгарија, патака во иднина ќе земаме примероци од поводната пештера во Албанија, во Тушемишта Загорчан, трба да земеме примеорци на вода од разични длабочини и во иднина ќе добиете резултати за сите испитувања“ објаснува Паскали.

Активностите кои се планирани воглавно ќе имаат истражувачка цел, почнувајќи од потврдување на досегашните сознанија за пештерите и нивно мапирање, преку истражување на нови канали во познатите пештери, до лоцирање и истражување на нови пештери на Галичица. Александар Булески од „Bottom time“ открива дека во континуитет работат на истражување а пештерите и пропастите од овој регион па според интензитетот на активностите кои ги имаат, несомнено резултатите се тука. Во една од пештерите информира Булески откриени се остатоци на коски за кои се верува дека се од палеолитот кои треба доплонително да се истражуваат.

„Најдовме една друга ситуација која се вика палеокарст која е многу ретка која се надеваме дека понатака ќе го експлоатираме, тоа е едноставно кажано народски ако имало во карстот пештера пред пештерата, ќе видиме поната треба да се испита тоа“, вели Булески.

Оваа година покрај спелеолози од Македонија се очекува учество на спелеолози и од соседна Србија. Спелеолозите од „Bottom Time“ досега имаат откриено 4 суви пештери на Галичица и три подводни пештери, кои се во Албанија. Булески вели дека огромна помош во лоцирањето на пештерите добиваат од локалното население. Пријавувањето за учество на кампот е најкасно до 10.08.2016, со цел навремено пријавување во Националниот парк.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top