Временска рамка за целосна интеграција на земјите од регионот во ЕУ

Ова како и инфраструктурното поврзување помеѓу земјите од регионот беа дел од темите на кои денес разговараа министрите за надворешни работи во рамки на Централно Европската Иницијатива.

 |  Мишел Наумоски  | 
ministri cei

Поставување на временски период во кој би било предвидено да се оствари целосна интеграција на сите земји од нашиот регион во рамки на Европската Унија. Ова беше само една од поентите истакнати на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Централноевропската иницијатива. Во годината во која Република Македонија претседава со оваа иницијатива, според министерот за надворешни работи, Никола Попоски, заеднички е ставот на сите министри членки на ЦЕИ дека сите земји од регионот имаат заедничка иднина во рамки на европското семејство.

ministri nadvoresni sostanok„Централно европската иницијатива е веројатно најважната интеграциска организација бидејќи е првата која е посветена на интегрирање на сите земји од овој регион во рамки на европското семејство. Денес разговаравме за нашата одлучност да градиме добрососедство и да ја зајакнеме регионалната соработка, денес мисијата на ЦЕИ е во прв ред да се погрижи за тоа остатокот од балканските земји кои денес не се дел од Европската унија, тоа да бидат, и тоа да биде единствениот рецепт за постигнување стабилен, безбеден, и просперитетен регион.“-вели министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски.

Пристапувањето на Западен Балкан во Европската Унија и зајакнатата соработка со источното партнерство е особено потребно во овие моменти според генералниот секретар на Централноевропската иницијатива, Џовани Карачиоло Де Виетри.

sostanok ministri„Овој состанок ја потврди европската перспектива, ги потврди и реафирмираше активностите кои ЦЕИ ги спроведува веќе 25 години. Тоа секако е потврда на сите активности за подигање на нивото на регионалната соработка. Сметаме дека оваа единствена комбинација помеѓу мултилатералната дипломатија, нашата иницијатива е форум за дијалог особено во овие сложени времиња во кои се наоѓаме, а секако тоа е можност за раководење со проекти кои што ги подигнуваат капацитетите во различните земји.“-рече Де Виетри.

Босна и Херцеговина е земјата која ќе го преземе претседавањето со ЦЕИ од Република Македонија наредната година. Заменик-министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Јосип Бркиќ посочи дека ЦЕИ е многу важен мултилатерален форум кој токму на Босна и’ помогнал да се изгради во демократско општество по разорната војна на почетокот на деведесетите години.

Centralnoevropska inicijativa„Број еден приоритет ќе биде подигање или зајакнување на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, тоа ќе биде најголем приоритет на Босанското претседавање со ЦЕИ, тоа прашање ќе го поставуваме на агендата на сите состаноци кои ќе ги организираме. Потоа сметаме дека географската, историската, културната, економска разновидност во регионот е потенцијал кој ќе треба да се искористи за да се подигне нивото на развој.“-изјави тој.

Инаку на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Централноевропската иницијатива присуствуваа и претставници од Советот на Европа, Европската банка за обнова и развој како и министри за надворешни работи од Албанија, Бугарија, Хрватска, Словачка, Чешка и други земји.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top