Во петок, сабота и недела во Охрид дезинсекција против комарци

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје Охрид, во петок, сабота и недела (10, 11 и 12 – ти јуни) ќе спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци.

 |   | 
avion

Запрашувањето ќе се врши во период од 23 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потек од селото Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потек на река Грашница, Коселска Река.

Се известуваат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top