Василески: Ски ресорт на Галичица проект предвиден во програмата на ВМРО ДПМНЕ

Ски ресортот Галичица кој како проект е предвиден во програмата на ВМРО ДПМНЕ наречена РЕАЛНО ќе биде комбинирано планинско и езерско одморалиште кое се предвидува да биде во функција во текот на целата година.

 |   | 

Ски ресортот Галичица кој како проект е предвиден во програмата на ВМРО ДПМНЕ наречена РЕАЛНО ќе биде комбинирано планинско и езерско одморалиште кое се предвидува да биде во функција во текот на целата година.

Целта е да се придонесе во економскиот развој на регионот преку развивање на туризмот во зимскиот период, со почитување на начелата нa зачувување на културните и природните наследства и вредности, еколошката одржливост и подобрување на квалитетот на живеење, кажа на денешната прес конференција кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија, Сашо Василевски.

„Согласно со изработената студија за изводливост и со концептот на главниот план се предвидува две зони за сместувачки капацитети, една од охридската страна, а другата од преспанската страна. Од двете страни ќе водат жичарници гондоли до скијачките терени кој ќе се наоѓаат на западните падини на Галичица. На охридската страна, на самиот брег кај локалитетот Градиште ќе има одморалиште со хотел од висока категорија и 200 соби, како и 300 апартмански единици, со вкупно 1.600 легла. Локалитетот наречен Горно Пештани е планинско село кое ќе се развива околу отчетната станица на гондолата, со 4 хотели и 600 соби, 99 вили и 128 апартмански единици со вкупно 2.306 легла. Ресортот на локалитетот во близина на Отешево е опциона варијанта, со 4 хотели и 337 соби, 19 вили и 45 апартмански единици, со вкупно 968 легла. Самиот ски-центар ќе има капацитет од 3.000 на ден, гондола, три ски-лифта и три подвижни ленти, 16 км скијачки патеки со вкупна површина од 48 хектари, од кој 19 хектари ќе бидат покриени со систем за вештачки снег.Со овој капитален проект ќе направиме пресврт во сезонскиот карактер на туризмот во Охрид со зимска понуда“, посочи Сашо Василевски – кандидат за пратеник ВМРО ДПМНЕ Коалиција за подобра Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top