Американската амбасада стипендира различни категории студенти

Професионално усовршување во САД е само една од програмите на проектот на Американската амбасада која дава можност за стипендирање на дипломците од македонските универзитети. Денес во просториите на Факултетот за туризам и угостителство имаше презентација од страна на претставници на американското преставништво на која беа понудени конкретни совети околу процесот за пријавување, како и за тоа кој се може да аплицира за нивните програми.

 |  Билјана Николовска  | 

Презентација на образовни програми околу можноста за стипендирање на мастер студии и пре- и пост- докторски истражувања во САД. Денес во Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, господин Газменд Илјази од Американската амбасада одржа презентација, на која понуди конкретни информации и совети околу процесот на пријавување. Студентите задоволни од презентацијата на програмата, имаат волја да аплицираат, но велат дека останува да видат дали ќе се реализира целата програма.

„Главно сите работи за кои треба да имам информација во однос на финансиите и на програмите за аплицирање ни беа овозможено. Предизвикот е самата апликација, да се оди на друго ниво на студирање“– вели студент на ФТУ.
Негов колега додава: „За мене беше многу информартивно и покрај тоа што сеуште немам дипломирано, ме интересира оној дел што е за еден семестар, но сепак информацијата ја добивме од прва рака“

Целта е да ги известиме студентите и наставниот кадар на ФТУ за една долга листа на стипендии за  различни категории на студенти која ја нуди Американската амбасада, изјави Газменд Илјази од американското претставништво.  
 
„Во Македонија досега има над 1000 стипендити кои имаат некаков стусиски простор во САД. Тие се професори студенти политичари и од  секој сегмент на нашиот секојдневен социјален живот. Стипендиите што се нудат од Американската амбасада ги покриваат сите трошоци од виза, карта сместување сместување и се што значи трошок додека студираат“. -изјави за ТВМ  Газменд Илјази – Американска амбасада.

Илјази вели дека интересот е голем и во тек се сите конкурси на нивната веб и фејзбук страна. Но нагласи дека поголемите програми како што е тоа Фулбрајт, била објавена и на сајтот на Министерството за образование и наука  бидејќи ова министерство било нивен партнер за овој проект. Илјази информираше дека аплицирањето е онлајн и во вистинска смисла на зборот има голема транспарентност.

„Значи нема шанси ниту еден надворешен фактор да блијае врз одлуката на бордот кој ќе ја добие стипендијата. Значи ако има стипендии кои се доделуваат во Рмакедонија и кои се транспарентни тоа се стипендиите кои ги нуди Американската амбасада“ – вели Илјази.

Американската амбасада покрај Фулбрајт програмата, нуди и програми во кои е вклучен невладиниот сектор а има пограми и за новинарите. Таа програма овозможува стекнување на теоретско и практично искуство за еден семестар во САД. Она што е најважно, за аплицирање за добивање стипендии за дообразување преку програмите на Американската амбасада не е потребна голема документација. Покрај апликацијата треба копија првата страна од пасошот кое ќе послужи како доказ за македонско државјанство, уверение за оценките за дипломирање и дипломата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top