Шарл Азнавур, претпладнево се сретна со претседателот на Р Македонија, Ѓорги Иванов.
Шарл Азнавур, претпладнево се сретна со претседателот на Р Македонија, Ѓорги Иванов.
На средбата покрај Светски познатиот шансониер, присуствувааше и раководството на Францускиот фестивал.
Претседателот на Р Македонија, Ѓорѓе Иванов, денеска во вилата Билјана го прими светски познатиот шансониер Шарл Азнавур кој во Македонија и Охрид е како специјален гостин на годинешниот Фестивал на францускиот филм што се одржува од 28. Јуни до 4. Јули во Центарот за култура „Григор Прличев“.
На средбата со претседателот Иванов, покрај Шарл Азнавур присутни беа и амбасадорот на Унеско, Јордан Плевнеш, советникот за култура и меѓународна соработка Зоран Велјаноски-Летра.Азнавур во денешниот разговор со Иванов му напомена дека македонија само транзитно ја познава,затоа што оваа е негов прв прествој во нашава земја. Низ нашата земја поминал во далечната 1963 год, кога видел само дел од убавините на Македонија. Прославениот Азнавур е главната ѕвезда на затворањето годинешното издание на Фестивалот. Вечерва во центарот за култура ќе му биде врачена специјалната награда Златна маска.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град