Можностите кои ги нуди програмата „ Еразмус плус“ презентирани пред охриѓани

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и општина Охрид денес ги запознаа претставниците на образовните институции и останатите присутни со можностите кои ги нуди програмата „ Еразмус плус“. Во Охрид со средства од ова програма ученици и професори веќе биле на доедукација во странство, но има уште многу можности кои во иднина треба да се искористат.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Претставниците од Локалната самоуправа, образовните институции, невладиниот сектор и спортските клубови и асоциации, денес беа запознаени со можностите што ги нуди програмата на Европската унија за образование, обука, млади и спорт „ Еразмус плус“ како и за начините за аплицирање и користење финансиска поддршка за разни проекти. Овој инфо ден беше организиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и општина Охрид. Целта на оваа програма е да се зајакнат вештините и можностите за вработување, модернизација на образованието, обука и младинска работа, како и обезбедување на услови за стекнување нови искуства.

Имаме такви примери во Охрид каде што со средства од ова програма ученици и професори биле на доедукација во странство. Едно од вашите средни училишта е лидер во тоа. Но Охрид има потенцијал за да извлече уште повеќе пари преку оваа програма и сигурна сум дека во иднина тоа ќе го направи, рече Снежана Симоноска од Секторот за млади при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.- вели Снежана Симоновска, од Сектор за млади при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ веќе реализирал еден проект преку „Еразмус плус“ програмата. Минатата година 9 ученици и еден ментор две недели биле во Измир-Турција на стручна обука по мехатроника и од таму се вратиле со многу стекнати искуства и знаење.

Ние и оваа година аплициравме со еден проект и вече имаме позитивен одговор. Во тек е распишувањето на тендерската постапка по што ќе следува и реализацијата на проектот. Сигурен сум дека и овојпат бенефитот од соработката со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе биде многу добар, вели Јане Цаневски, директор на ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“.

На презентацијата на програмата „Еразмус плус“беа охрабрени сите учесници да земат директно учество во трите клучни акции наменети за учењето преку индивидуални мобилности, соработка за иновации и размена на добри практики, како и поддршка на реформата на политиките кои ги покриваат сите типови активности.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top