Каде се наоѓа нашата земја на патот кон европската унија- е една од темите на кои се разговараше од страна на присутните. Конференцијата е во организација на македонската Паневропска унија.
Каде се наоѓа нашата земја на патот кон европската унија- е една од темите на кои се разговараше од страна на присутните. Конференцијата е во организација на македонската Паневропска унија.
Република Македонија го има дадено својот удел во европската традиција, култура, начин на живеење и тој влог од минатото е своевидна гаранција за наша успешна европска иднина на која работиме. Ова беше потенцирано на Меѓународната конференција насловена како: Македонија во Европската унија- Одредница за Европа.
Конференцијата, која викендов се одржува во Охрид, е во организација на Паневропската унија на Македонија, а со подршка на Министерството за надворешни работи на РМ, Амбасадата на Кралството Норвешка и Шуман фондацијата.
Инаку, Паневропската Унија е најстара невладина организација во Европа, формирана 1922 година, а ја застапува идејата за обединета Европа. Македонската асоцијација на Паневропската Унија е формирана во април 1993 година и во истата година стана полноправна членка на Интернационалната Паневропска Унија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град