Околу стотина граѓани на Охрид, но и холандски туристи, на плоштадот Крушевска Република, го измерија крвниот притисок, нивото на шеќер и холестерол во крвта. Медицинските тимови велат дека се задоволни од одзивот на граѓаните.
Акцијата за бесплатни превентивни прегледи на граѓаните во рамки на програмата „Здравје за сите“, на Министерството за здравство, почна пред два дена и ќе се спроведува до крајот на месецов, во сите здравствени домови или на фрекфентни места во градовите ширум Републиката. Денес ваква акција се спроведе и на плоштадот Крушевска Република кај чинарот во Охрид. Медицинската екипа која беше задолжена од 08 до 11 часот да мери крвен притисок, ниво на шеќер и холестерол во крвта, како и да дава бесплатни совети на граѓаните при топлотен бран, задоволна од одзивот.
„Од сабајлево имаше многу голем интерес, започнавме навреме. Доаѓаме од ЈЗУ Здравствен дом Охрид, вршиме превентивни прегледи и даваме совети во случај да зафати топлотен бран“– вели д-р Пецо Настоски.
И во оваа акција пациентите беа од повозрасната категорија на граѓани, но на преглед седнуваа и холандските туристи, кои можеби јазикот не го разбираа, но единиците ги разбраа единиците на мерните инструменти. Д-р. Настоски нагласи дека кај одредени граѓани имало потреба од медицинска интервенција.
„Имаше кај одредени пациенти два три пациенти каде што дадовме и терапија бидејќи притисокот им беше висок“- вели д-р Настоски.
Инаку, целта на акцијата која секоја година се спроведува во пресрет на летниот период и престојните високи температури е да се подигне свеста кај граѓаните, без оглед на возраста, за континуирана грижа за своето здравје и вршење навремени превентивни прегледи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град