Започна изработката на локалната стратегија за развој на туризмот

Охрид конечно ќе ја добие првата стратегија за развој на туризмот. Веќе започна нејзиното изготвување. Формирано е и координативно тело со членови од сите релевантни институции кои ќе работата на нејзиното конципирање. Стратегијата треба да биде готова до почетокот на 2016та год.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Започна изработката на локалната стратегија за развој на туризмот. Веќе се формира и координативното тело кое ќе работи на нејзе. Во него има преставници од Локалната, од Агенцијата за подршка и промоција на туризмот, од ФТУ, ХОТАМ, Националната асоцијација на патнички агенции, еснафот на туристички водичи и од сите други субјекти кои директно се инволвирани во развојот на туризмот во градов. Охрид досега немаше стратегија за развој на туризмот па се што се преземаше околу развојот на оваа стопанска гранка беше парцијално и без некоја подлабока анализа.

Очекуваме со оваа стратегија да се добијат насоките во кој правец треба да се движи развојот на туризмот, но во исто време да се  направи и анализа на моменталната состојба во туризмот. Што е она што го бараат гостите,а кои се негативностите на кои треба да се поработи, вели Ѓоко Апостолов, раководителот на ТЛЕР.

Стратегијата ќе се изработува по методологијата на професори-експерти по туризам во универзитетот во Сент Гален во Швајцарија и треба да биде готова до јануари 2016та год. Таа е само дел од сите активности кои се испланирани и договорени во заедничката соработка со ИМЕ програмата. Целокупниот проект треба да заврши за пет години , финансиран е од швајцарската агенција за соработка, а носител е СВИС КОНТАКТ.

Целокупниот проект изнесува 5милиони евра, но сите не се наменети за Охрид. Во рамките на оваа програма се опфатени и Маврово и Крушево. Средствата се строго наменски и се до детали е предвидено. Тука нема можност за ништо повеќе или помалку, објаснува Апостолов.

Стратегијата за развој на туризмот ќе биде среднорочна и ќе важи од 2016та до 2020та. По 2016та таа ќе биде во сопственост на општина Охрид и ќе биде база при изготвувањето на наредните стратегии за развој на оваа топанска гранка.

{loadposition content9}
 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top