Да се создаде работа наместо да се бара вработување

Ова е една од целите и поентите на кои се учат средношколците од повеќе градови од земјава на младинскиот камп за претприемништво.

 |  Мишел Наумоски  | 
pretpriemaci

Менување на ставови и надминување на крајната цел за младите, да најдат вработување. Наместо тоа, истите да се охрабрат да ја прескокнат црвената линија и да се обидат сами да создадат работа. Ова е најважната цел на летниот камп за млади претприемачи кој се одржува во Охрид. Дел од него се и двете средни стручни училишта, „Св.Кирил и Методиј“ од Охрид, и „Нико Нестор“ од Струга. Младите средношколци велат дека овој интерактивен камп навистина ги учи на тоа како практично да ги применат знаењата, но и да соберат храброст да одат и чекор понатаму.

kamp pretpriemaci„Кампот мислам дека е многу добар,  дека ќе научиме многу повеќе со цел после завршувањето на средното училиште да не го следиме тој тренд на бегање од оваа држава, или одење на факултет туку да се потрудиме да направиме нешто повеќе. Односно да си отвориме некој наш сопствен бизнис со што би придонесле и за растењето на економијата во нашата држава. Бидејќи баш средните бизниси ја водат економијата во една држава.“-вели Иво Ристески, ученик  во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“.

Според професорката Марија Коваческа од средното стручно училиште „Нико Нестор“ од Струга, средношколците се наоѓаат токму на таа возраст кога едноставно е потребна промена на ставови и развивање на нивниот претприемнички дух.

mladi pretpriemaci„Кога ќе им се дадат можности да видат дека има пат кој може да им обезбеди прогрес, кариерен развој, ќе може да им обезбеди и вештини за градење на сопствен бизнис, ќе бидат похрабри да го пробаат она што е вистинско. И затоа ние како наставници, луѓе кои сме постојано со нив во голем дел од нивниот живот, и ние мора да изградиме став дека сме тие кои што треба да ги водиме низ тој пат. Можеби не можеме целосно да им го зацртаме, меѓутоа можеме да ги насочуваме и водиме и да им го обезбедиме она што им треба за да можат да ја добијат онаа храброст да го направат првиот чекор.“-рече Коваческа.

leten kamp pretpriemaciПрофесорката Катерина Симјаноска од средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“ од Охрид, смета дека оваа обука на средношколците во иднина многу ќе им значи.

„Во нашето училиште децата пред се добиваат теоретски знаења меѓутоа на овој начин ќе се усовршат и ќе можат практично да го применат она што го совладале. Исто така во иднина полесно да најдат начин да се самовработат и да си помогнат себеси и на сите околу нив.“-изјави Симјаноска.

Во рамки на тридневниот летен камп, ќе има интерактивни работилници за претприемништвото, креативно рамислување, лидерство и тимска работа. Организатор на настанот е Локалната агенција за развој од Струга, а истиот е дел од проектот „Претприемач да се бидe или не“, поддржан од „YES Network“ – мрежата за млади претприемачи со фондови од Европската Унија. Инаку во рамки на кампот, учество земаат околу четириесетина деца од средни училишта од целата земја.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top