Во Европа датумите на поместување на времето се „унифицирани“ од 2002 година
Летното сметање на времето во 2015 година завршува во недела на 25.10 во три часот наутро и стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час наназад, односно часовникот да покажува 02 часот.
Зимското сметање на времето ќе трае сѐ до 29 март 2015 година, кога повторно ќе се премине на летно сметање на времето.
Самиот концепт на летно и зимско време се појавил во почетокот на минатиот век, со цел најрационално користење на дневната светлина.
Во Европа датумите на поместување на времето се „унифицирани“ од 2002 година, кога европските држави се договорија летното време да стартува од последната недела на март, а зимското од последната недела во октомври.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град