Заев: “Се враќаме во парламент само кога Груевски ќе си поднесе оставка”

Пропаднале договорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел

 |  инфодеск  | 

На прес конференцијата на која беше објавена 31 таканаречена бомба, меѓудругото лидерот на опозицијата, Зоран Заев одговараше на прашања.

„После сѐ што објавивме, треба ли да се вратиме во Парламентот?“, реторички одговори претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на новинарско прашање дали опозицијата ќе ги послуша амбасадорите кои побараа нејзино враќање во Собранието за да помогне во надминувањето на политичкиот ќорсокак. „Ќе се вратиме по оставката на Никола Груевски за да ги дефинираме чекорите што ќе водат до преодна влада“, рече Заев.

Опозицискиот лидер откри и дека пропаднале разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ што се водат во Брисел со посредство на европратеници.

„Нема ништо од разговорите во Брисел. Прекинаа пред неколку недели. Ако има нешто на овој план, тоа ќе го објави канцеларијата на ЕУ во Скопје“, изјави Заев.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top