Политика

Заев не размислува за оставка

Премиерот Заев изјави дека не размислува да даде оставка. Неговиот коментар доаѓа по вчерашното барање да си поднесе оставка од претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села.
Премиер Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не размислува да даде оставка. Неговиот коментар доаѓа по вчерашното барање да си поднесе оставка од претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села. Заев вели дека во изјавата на Села да си даде оставка од морална причина, гледа политикантство, желба за власт и за победа на изборите.

Заев денеска беше во посета на нова фабрика во Сарај.

Во однос на понудените оставки за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово, премерот рече дека нема дополнителен коментар. Тој останува на ставот дека прво ќе ги причека форензичките извештаи.

Лидерот на Алијанса, Зијадин Села, вчера во гостување на ТВ 21 рече дека трагедијата во Тетово е доволна причина за оставка и на премиерот Заев.
Оставките досега понудија министерот и заменикот за здравство и директорите на тетовската болница.

Во пожар во модуларната ковид болница во Тетово на 8 септември загинаа 14 луѓе.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top