Се воведува делумна забрана за движење во шумите

Одлуката на ресорното Министерство не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“…

 |  инфодеск  | 

Поради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари од денеска до 15-ти следниот месец се воведува делумна забрана за движење во шумите со стопанска намена, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Одлуката на ресорното Министерство не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, како што се националните паркови, парк шумите, шуми со специјална намена споменици на природата и слично.

Одлуката, исто така, не важи и за организирана група туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и националните паркови и парк шумите. Туристичката тура, се посочува, ќе биде во придружба на претставник од ЈП „Македонски шуми“, националните паркови и парк шумите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top