Во Владата денес ќе се одржи состанок со здруженијата на пензионери на кој ќе се разговара за барањето за зголемување на пензиите.
Состанокот ќе почне во 13:30 часот, а на него ќе присуствуваат вицепремиерот за економски ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, како и претставници од Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери.
Со овој состанок се означува почеток на дијалогот за предлог новата методологија за покачување на пензиите – велат од Владата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град