Високи температури и жолта алертна фаза во Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека станува збор за температури до 37 степени

 |  инфодеск  | 

Од денес територијата на Македонија ќе биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза.
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека станува збор за температури до 37 степени кои се повисоки за овој период од годината и потребна е посебна внимателност за заштита на здравјето на населението и адаптација кон повисоките температури.
Утринските температури ќе се движи од 11 до 18 степени, а дневната од 31 до 37 степени. УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 8.
Потребно е да се почитуваат општите препораки за заштита од повисоки температури, одбегнување на директно изложување на сонце во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и повеќе течности.
Посебно внимателни да бидат постарите, хронично болни лица, кои треба редовно да ја земаат препишаната терапија од лекар.
Се препорачува темелно миење на овошјето и зеленчукот пред употреба, добра термичка подготовка на храната, задолжително чување на храна во фрижидер на + 8 степени, како и избегнување консумација на лесно расипливи производи, кремови, мајонези и слично.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top