Утврдена точната бројка на администрацијата во Македонија

Најмногу вработени има во образованието 32 отсто

 |  инфодеск  | 

Во државната администрација, во локалната самоуправа, во јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост вкупно се евидентирани 139.009 вработени.

Без привремените вработувања и без вработените во акционерските друштва, има 128.722 вработени во 1.299 институции, соопшти министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешниот брифинг.

Без АРМ, МВР и Агенцијата за разузнавање, бројката на вработените од државата и локалните власти изнесува 109.304, додека во акционерските друштва во државна сопственост се вработени 8.633 луѓе од вкупната бројка.

Според податоците, од вкупната бројка од 139.009 луѓе кои добиваат плата од буџетот, 59,96 отсто се вработени на локално ниво, а 40,03 на централно. Од нив, 54 отсто се жени, а 46 отсто мажи.

По националност, 75,36 отсто се Македонци, 19,31 отсто Албанци, Турци се 1,84 отсто, Роми, 1,14 отсто. По образование, 42,45 се со факултетска диплома, со средно се 34,81 отсто, а со осново се 9,67 отст. Магистри се 4,45 отсто.

Најмногу вработени има во образованието 32 отсто, во здравството се 18 отсто, а во државната управа се 15 отсто, додека во локалната власт се 5 отсто.

Манчевски најави и дека во мај и јуни треба да почне создавањето на Централниот регистар на население, кој би профункционирал до крајот на годината.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top