Според податоците секоја година се намалува бројот на учениците
Од утре во новата учебна година 2017/2018 во училишните клупи ќе седнат 20.437 првачиња, а средното образование ќе го почнат 17.131 ученик.
Според податоците секоја година се намалува бројот на учениците во основните училишта. Државниот завод за статистика излезе со податок дека на крајот на учебната 2015/2016 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 185.119 што претставува намалување за 1,7 процент во однос на претходната учебна година.
Долгорочната тенденција е застрашувачка: за 10 години бројот на ученици во основните училишта низ Македонија е намален за повеќе од 45 илјади ученици.
Министерката за образование, Рената Дескоска, ги повикa наставниците и професорите да се вклучат во лоцирањето на грешки во учебниците.
Минатата недела бил испратен допис до сите училишта и креирана е апликација преку која наставниците и професорите од сите училишта се поканети да укажат на грешки и проблеми во учебниците. Министерката во јуни годинава најави ревизија на учебниците на сите нивоа на образование.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град