СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ поднесоа тужби до Управниот сyд
До Управниот суд и ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба против решението на Државната изборна комисија со кое се уважи „скандалозниот приговор на подносителот, политичката партија движење Беса и се поништија резултатите од гласањето по листите на кандидати за избор на пратеници во Собранието на РМ, на гласачко место бр. 0396/1, во општина Гостивар, изборна единица 6″, соопшти партијата.
Претходно, СДСМ најави дека поднеле четири тужби до Управниот суд што се однесуваат на гласањето во избирачки места во изборната единица 6.
Управниот суд е должен да ги земе предвид сите основани аргументи во тужбите, изјави портпаролот на партијата Петре Шилегов. И СДСМ не е задоволна од работата на ДИК затоа што „не одговори на сериозната задача за целосна заштита на изборниот процес во делот на одлучувањето по приговорите. Македонија ќе добие влада што ќе работи во интересот на граѓаните, рече Шилегов.
Движењето Беса де откажа од тужби до Управниот суд затоа што не сака да ја продолжува оваа изборна агонија. „Разочарани сме од одбивањето на 7 од 8 приговори за изборни нерегуларности од страна на Државната изборна комисија и нема да поднесеме тужби до Управниот суд затоа што се сомневаме во неговата независност и однапред се знае неговата одлука“, велат од Беса.
Пет судии од Управниот суд, избрани по пат на ждрепка, во рок од 48 часа (до утре) на јавна седница треба да одлучат како ќе се постапува по тужбите. Одлуките на Управниот суд се конечни.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град