Укинување на екстерното утре на собраниска седница

порака до учениците и до нивните родители, дека оваа година ќе нема екстерно тестирање

 |  инфодеск  | 

Пратеничката на СДСМ Рената Дескоска, која е предлог на мандатарот на новата влада за министер за образование, денеска изјави дека утре на дневен ред на седница на Собранието ќе бидат ставени три закони со кои, како што рече, ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и средните училишта.

„Како што ветивме, ќе работиме во интерес на граѓаните. Првиот чекор во образованието го правиме со тоа што утре на дневен ред на седницата на Собранието ќе се најдат три закони со коишто ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и средните училишта и за таа цел денеска е одблокирано Собранието“, изјави Дескоска во Парламентот.

Посочи на завршениот избор на собраниската Комисија за избори и именувања и наведе дека денеска ќе бидат избрани надлежните комисии за законите во областа на образованието, кои, како што рече, се веќе договорени.  

Затоа, наведе Дескоска, сакам да упатам порака до учениците и до нивните родители, дека оваа година ќе нема екстерно тестирање.

Одговарајќи на новинарски прашања, дали има шанси утре да се заврши се со оглед дека петок е неработен ден, а екстерното оценување почнува в понеделник Дескоска рече дека ќе направат се да се донесе законот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top