На 85.790 должници им се заканува блокирање на сметката
Управата за јавни приходи објави листа на граѓани на кои им се заканува присилна наплата поради неплатени сметки за радиодифузна такса. Од 500.000 лица, колку што брои регистарот, над 85.000 се најдоа на листата, што значи дека секој шести во земјава е должник. Од УЈП ги повикуваат обврзниците наведени на листата, до 13-ти септември да ги подигнат решенијата за присилна наплата во нивните простории.
По објавата во „Службен весник на РМ“ ќе се смета дека е извршена уредна достава на Решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса од Листата објавена на веб страницата на УЈП, а сите евентуално негативни последици кои би можеле да настанат од неподигањето на решението и спроведување на постапката за присилна наплата ќе ги сноси обврзникот за радиодифузна такса, велат од Управата за јавни приходи.
Вкупно на 85.790 должници од целата земја, може да им биде блокирана банкарската сметка. Во претходните бранови на присилна наплата граѓаните се жалеа дека двојно им се наплаќа за радиодифузна такса. Проблемот се лоцираше во непрочистениот регистар на обврзници.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град