Во акцијата биле вклучени и хеликоптери
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поведува истрага против нови седум лица, осомничени за инволвираност во настаните од 9 и од 10 мај годинава, во кумановското Диво Насеље, соопшти Јавното обвинителство.
Осомничените се теретат за сторени кривични дела терористичка организација и тероризам и се изведени пред судија на претходна постапка , а на предлог на надлежниот јавен обвинител им е определена мерка притвор.
Лицата се приведени во акцијата на Министерството за внатрешни работи која се организираше утрово со голем број полициски сили во кои беа вклучени и хеликоптери, во кумановски села, а се проширила и во скопските.
Во мајската акција против криминално-терористичката група во Диво насеље животот го загубија осум полицајци, а триесетина беа повредени.
Во акцијата беа убиени и десет членови на вооружената група, а 30 се предадоа и против нив се води судска постапка.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град