Следува нестабилно време и мало намалување на температурите

Поизразена нестабилност во вторник

 |  инфодеск  | 

 

Метеоролозите за понедленик и вторник во Македонија најавуваат дека ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд, кој во попладневните часови ќе биде пороен, проследен со грмежи.
Минималната температура во понеделник ќе се движи од 15 до 23 сепени, а максималната дневна од22 до 35 степени. УВ индексот ќе биде 8
Поизразена нестабилност ќе има вторник, особено во северните и југозападните делови, каде врнежите повремено ќе бидат обилни (над 30 л/м2), проследени со грмежи, засилен ветер и локална појава на град.
Во среда ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а потоа во наредните денови се очекува претежно стабилно време.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top