“Од понеделник нема веќе да биде исто”
Кривичните пријави против граѓани кои фрлаат боја ги разгневи уште повеќе поддржувачите на Шарената револуција. Виe нас со кривични, ние похрабри, беше главната парола на вчерашниот протест. Граѓаните велат дека не се плашат, туку се повеќе мотивирани за да протестираат, како што велат, против неправдата. И вчера беше катапултирана боја кон Владата и кон Собранието.
Соопштението кое беше прочитано на протестот најавува интензивирање на протестите. Истиот текст е веќе објавен од страна на движењата Шарена револуција и Протестирам. Граѓаните кои протестираа вчера велат нема предавање. Протестите, велат, вродија со плод затоа што се одложија изборите кои требаше да се одржат на 5 јуни.
“Ја повлекуваме црвената линија! Од понеделник одбројуваме! Кризата траеше доволно долго! Во понеделник, граѓаните ќе кажат како ќе ја надминеме! Од 6 јуни веќе ништо нема да биде исто, пишува на Фејсбук страницата на Шарената револуција”.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град