Бордот на директори на Светска банка реши да го запре процесот на кредитирање за Македонија
На денешниот брифинг во американскиот Стејт департмент, на барање на Гласот на Америка да ги коментира настаните во Македонија од последниве денови, Елизабет Трудо одговори:
“Ние и ЕУ јасно ја искажавме загриженоста за важноста на кредибилни избори во Македонија. Времето е кратко. Многу преостанува да се направи. Силно го поттикнуваме претседателот Иванов да ја поништи неговата одлука и да му дозволи на Специјалното обвинителство и на судовите да ја вршат својата работа“.
Странските медиуми пишуваат дека во Брисел веќе сериозно се размислува за воведување на санкции за Македонија. Според „Фајненшл тајмс“, Брисел разгледува воведување санкции против водечки членови на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи забрани за патување. На состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ оваа недела се дискутирало за додавање на високи политички функционери на црната листа на Шенген зоната, иако се уште не е донесена ваквата одлука. Сите 28 земји членки на ЕУ ќе мора едногласно да се согласат за таквите мерки.
Неофицијално, и бордот на директори на Светска банка реши да го запре процесот на кредитирање за подобрување на општинските услуги во Македонија сѐ додека не се одржат кредибилни избори во земјата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град