Просечната плата во Македонија за јули била 363 евра

Само 19% од вработените во Македонија земаат плата над 20.000 денари

 |  инфодеск  | 

Просечната плата во јули годинава изнесува 363 евра и e зголемена за 2,2 отсто во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата и нето плата по вработен, во јули годинава во однос на јули 2015 лани изнесува 102.2.

Ова зголемување е резултат пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: градежништво (9.1%), административни и помошни услужни дејности (6.4%) и земјоделство, шумарство и рибарство (6.2%).
Според Државната статистика 64 отсто од вработените заработуваат под 16.000 денари. 80% заработуваат до 20 илјади, а над 20.000 денари месечно заработуваат само 19% од населението.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top