Православните христијани го прославуваат Бадник

Бадник и Божик се денови за семејството, кога најблиските делат радост и убави мисли

 |  инфодеск  | 

Православните христијански верници денес го слават Бадник, денот пред големиот празник Божиќ. Според Јулијанскиот календар, секоја година Бадник е на 6 јануари, а Божиќ на 7 јануари – прекрасни денови кога семејствата во хармонија ја очекуваат и прославуваат веста за Христовото раѓање.
Со костени, ореви, јаболка, бонбони и по некоја паричка беа дарувани најмладите, кои утринава со песна го најавија Христовото раѓање.
Бадник е празник за семејството кога најблиските делат радост и убави мисли. На овој ден не се оди на гости и сите треба да бидат во своите домови покрај најблиските. Според традицијата, вечерта целото семејство се собира околу бадниковата трпеза, која треба да биде празнична и богата, но задолжително посна. Бадник го означува крајот на 40-дневните божиќни пости. Домаќинките приготвуваат тавче-гравче, риба, сарма, питулици, компири, а ставаат и овошје за трпезата да биде побогата.
Денес секое православно семејство во своите домови украсени со бадникови гранчиња симболично ја очекува веста за раѓањето на Исус Христос, а кога ќе дојде големиот празник Божиќ, ќе си честита со зборовите „Христос се роди – навистина се роди“

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top