Потрошувачката корпа за септември околу 500 евра

Во септември вредноста на потрошувачката корпа е повисока за 0,32% во однос на август

 |  инфодеск  | 

Потрошувачката кошница во септември изнесувала 32.263 денари за едно четиричлено семејство, пресмета Сојузот на синдикати на Македонија.

Најмногу од парите или 13.345 денари се трошат за храна и за пијалоци, потоа за комуналии и опрема за домот и за одржување, за кои се издвојуваат 10.468 денари.

За хигиена се потребни 2.272 денари, за превоз 2.339 денари, а за обувки и за облека 2.087 денари.

Од вкупните средства во потрошувачката кошница за културни активности се трошат 1.070 денари, а за одржување на здравјето – 678 денари.

Потрошувачката кошница во септември е повисока за 0,32 отсто во однос на август, а во споредба со септември лани е повисока за 0,09 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето-плата во август изнесувала 22.294 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top