Регулаторната комисија за енергетика одлучи поевтинување во просек од 8,83%
Со одлуката на комисијата за енергетика се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 14,35, односно за 8,83%.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 57,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 59,5, а ЕУРОДИЗЕЛ за 39 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 4 денари за литар и ќе чини 27,5 денари.
Како причина за намалувањето на малопродажната цена на нафтените дривати од РКЕ го посочуваат за 19,51% пониската просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,143 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град