Последниот месец земјата ја погодија повеќе потреси
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала е почуствуван по полноќ во Македонија.
Епицентарот бил на 15 километри од Пехчево на длабочина од 1 километар, пренесе, Европскиот сеизмолошки центар.
Последниот месец земјата се соочи со повеќе потреси, што предизвика паника и страв кај населението.
Земјотреси имаше и пошироко на Балканот.
Деновиве земјотреси се регистрирани во Србија, Бугарија и Грција.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град