Првпат на посебен извод на Избирачкиот список ќе се стават 171.500 гласачи
Државната изборна комисија денес ќе ги објави имињата на сите 39.502 спорни записи од Избирачкиот список и ќе остави 25 дена овие гласачи да го докажат со валиден документ своето избирачко право. За да бидат повторно запишани во Избирачкиот список, треба овие идентитети дополнително да се пријават, лично во ДИК или преку електронска пријава.
Идентитетот на граѓаните ќе се утврдува со лична карта или со патна исправа. При електронско пријавување, секој граѓанин преку пријава од апликацијата на ДИК, со матичен број и скениран личен документ, од кој ќе може да се прочитаат личните податоци, ќе може тоа да го стори без физичко присуство.
Исто така, првпат на посебен извод на Избирачкиот список ќе се стават 171.500 гласачи за кои се претпоставува дека подолг рок живеат во странство. И овие гласачи се покажаа како симптоматични откако за нив подолг период нема записи дека користеле здравствено и социјално, не користеле кредитни картички, не барале работа…
Пријавувањето ќе трае 25 дена, а ќе може да се врши секој ден во периодот од 8.30 до 19 часот. Оние кои во предвидениот рок нема да се пријават, ќе бидат избришани од електронскиот список.
Списокот со спорни гласачи ќе биде објавен и на страниците на дипломатско конзуларните претставништа за македонските државјани во странство.
Ваквите рокови дадени од ДИК, следуваат откако партиите потписнички на Пржинскиот договор одлучија за измени во Изборниот Законик.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град