Дек 9, 2015

Средношколска среда и бесплатен јавен превоз за студентите

Два нови проекта, еден за студентите и уште еден за средношколците, најави премиерот Никола Груевски во обраќањето на свечената академија по повод празникот Свети Климент Охридски.Како што рече Груевски, двата проекта ќе стартуваат од 1-ви јануари 2016 година. Со првиот е предвидено обезбедување бесплатен превоз за сите редовни студенти на државните универзитети, додека со вториот т.н. средношколска среда, на сите средношколци од државата секоја среда ќе им биде обезбеден бесплатен железнички превоз, бесплатен билет за жичницата на Водно, како и бесплатни карти за во кино и театар.На двата …

Дек 9, 2015

Загaудвањето бара вонредна состојба?

Според мерењата на Министерството за животна средина, денеска во 15 часот, највисоко загадени беа скопските општини Центар и Карпош, како и Тетовo, пренесува „Телма“.А, резултатите од мерните станици во поголемите градови во земјава покажуваат загадување на воздухот со Пи Ем 10 честичките, што се движи од 450 до 800 мерни единици. Владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ веќе 4 дена си ја префрлаат топката кој е виновен за загадувањето, но решенија не нудат. Партијата  ДОМ  денеска се огласи со барање до Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето, до крајот на зимат…

Ное 27, 2015

Балканските земји, привлечна дестинација за туристите од Далечниот Исток и Индија

Кружни тури за туристи од Далечниот Исток наскоро се очекуваат и на македонскиот туристички пазар. Според Емил Димитровски, член на Управниот одбор на Стопанската комора за туризам, во наредниот период, европските дестинации ќе бидат повеќе барани, за разлика од дестинациите на Блискиот Исток. Тој смета дека во 2016та пред се ќе има интерес за турите на Јадранско и Егејско Море, Грција, Италија и Шпанија. Што се однесува до Балканот, Димитровски вели дека се поактуелни ќе стануваат кружните тури за туристите од Далечниот Исток, Јапонија, Кореа и Индија, за кои тој очекува да се појават и на…

Дек 20, 2021

Министерката Царовска нема да биде дел од новата Влада

Донесов одлука да не учествувам во новата Владата со новиот мандатар, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска. Во изминатите пет години заедно со мојот тим навистина испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да се застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и во силата на жените и младите – рече Царовска. Повлекување од министерската функција во новиот состав на Владата во петокот најави и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Во ресорот образование…

Ное 26, 2015

„Ден на дрвото“

Помалку заборавената акција „Ден на дрвото“ ќе се организира на трети декември, информира Министерството за шумарство. Велат одлуката е донесена на седница на Влада, а од ЈП Македонски шуми пак веќе информираа дека нивните надлежности ги завршиле и дека обезбедиле нови 5 милиони садници кои треба да бидат засадени. Поради спроведување на есенската акција „Ден на дрвото“, 3-ти декември, среда, е неработен ден за граѓаните на Република Македонија, соопшти Министерство за труд и социјална политика.Акцијата за озеленување на Македонија за прв пат беше спроведена на 12-ти март, 2008 година.

Ное 25, 2015

Анкетната комисија за прислушувањето, на старт се „сопна“

Деловникот на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето ќе биде гласан некој друг ден од оваа недела, кога ќе заврши усогласувањето меѓу 16-те члена. За ВМРО ДПМНЕ најспорно е што претседателот Петре Шилегов предлага неговиот глас да биде одлучувачки, доколку некоја предлог-одлука добие подеднаков број гласови „за“ и „против“.Владеачката партија смета дека најголем недостаток е што Шилегов самиот подготвил предлог-Деловник, без договор со другите членови. Но, тој ова го сфати како опструкција на денешната седница, бидејќи предлогот го доставил по елетронска пошта уште пред пет дена,…

Ное 20, 2015

Адора инжинеринг: СО КУПЕН СТАН ПОДАРОК ДОМАЌИНСКО ОСИГУРУВАЊЕ

За прв пат во градежната индустрија во Македонија, граѓаните со секој купен стан добиваат подарок осигурување на домот и домаќинството, ексклузивно во новиот атрактивен комплекс Адора Flatiron Скопје, во соработка на Адора инженеринг и Евроинс осигурување.  Со осигурувањето на купениот дом, во рок од една година, се обезбедува надомест на трошоците од евентуални штети од ризици на пожар, поплава од пукнати цевки, удар од гром, грат, експлозија, комбинирано осигурување на домаќинството, трошоци за нужно сместување, одговорност кон трети лица, кражби и други основни ризици. Со вклученото дома…

Ное 20, 2015

Ќе се случи ли реформата на медиумите?

Реформата на медиумите во работната група на Питер Ванхауте заглави. Денеска ќе се направи нов обид за постигнување напредок, за спорните точки.На вчерашните разговори главна тема била македонската радио-телевизија и нејзиното финансирање.Главен предлог на маса, според извори во преговорите, е  МРТ да се финансира од буџетот, а да се укине радиодифузната такса, но и да се најде начин за  дополнителни приходи.Договор треба да се постигне и за Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми, работата на државната новинска агенција и Законот за медиуми.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top