Православните христијански верници денес го слават Бадник, денот пред големиот празник Божиќ. Според Јулијанскиот календар, секоја година Бадник е на 6 јануари, а Божиќ на 7 јануари – прекрасни денови кога семејствата во хармонија ја очекуваат и прославуваат веста за Христовото раѓање.Со костени, ореви, јаболка, бонбони и по некоја паричка беа дарувани најмладите, кои утринава со песна го најавија Христовото раѓање. Бадник е празник за семејството кога најблиските делат радост и убави мисли. На овој ден не се оди на гости и сите треба да бидат во своите домови покрај најблиските. Според тра…
Денес православните христијани го слават Свети Наум, познат како исцелител и просветител на македонскиот народ. Денес именден празнуваат: Наум, Наумче, Науме, Наумка…Свети Наум заедно со Свети Климент го проповедале Светото Евангелие, ги просветиле словенските народи со благата Евангелска наука. Поминале низ многу места во Девол, Панонија, се до Илирик. Потоа дошле на брегот на Охридското Езеро. Додека Свети Климент бил Епископ во Охрид, Свети Наум основал манастир на јужниот брег на езерото. Со време во манастирот настанало големо братство на монаси, на кој Свети Наум им бил мудар духовен …
Од АМСМ информираат дека од 07:30 часот укинати се забраните за тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.Намалена видливост поради магла има во Битола и Македонски Брод до 100 метри и Плетвар до 50 метри.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Здружението на приватни медиуми на РМ (ЗПММ) бара итна корекција на тарифникот, кој е дел од Законот за авторско право и сродни права, донесени по скратена постапка во август 2015 година. Барањето доаѓа по последните измени и дополнувања на Законот за авторско право и сродни права, донесени по скратена постапка кон крајот на август оваа година.- Иако Здружението на приватните медиуми на РМ (ЗПММ) е мнозинското здружение во државава, во кое членуваат над 80% од сите медиуми во државава, за носењето на овие измени не бевме консултирани и истите се донесоа без притоа да се разгледаат и уважат …
Популарниот моден бренд H&M конечно доаѓа во Македонија. Оваа вест има потврда на официјалната веб страна на компанијата каде е најавено дека во текот на 2022 годината H&M планира да отвори свои продавници во Еквадор, Косово и Македонија.
Веста на својот инстаграјм профил ја објави Арсим Папранику, првиот човек на Ист Гејт Мол, со поставување видео на просторот каде треба да се смести продавницита која македонските граѓани долго ја чекаат. Тој најавува дека отворањето ќе биде оваа година.
Компанијата H&M има вкупно 4.801 продавница ширум светот. Групата H&M е семејство н…
АМСМ информира дека денеска ќе се врши минирање меѓу 12:30 и 14:30 часот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, па сообраќајот околу 15 минути во ќе биде во прекин кај планинскиот премин Пресека – село Врбјани.
Маглата го отежна авиосообраќајот на скопскиот аеродром, поради што дел од летовите се откажани, а дел пренасочени кон аеродромите во Охрид и Софија.Од утрово не се реализирани летовите кон Виена и Истанбул, од Охрид е пренасочен летот за Ајндховен и Лубек, а реализирани се полетувањата кон Загреб и Гетеборг.Од ноќеска нема слетувања на скопскиот аеродром.Пренасочени кон софискиот аеродром се летовите од Виена, а кон Охрид летовите од Малме и Барселона. Откажани се два лета од Истанбул.
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ја одложи за денеска најавената главна расправа по предметот познат во јавноста како „Пуч“. Како што соопшти денеска јавната обинителка Катица Јанева, причината за одлагањето е потребата за целосно да бидат запознаени со содржината на доказите кои се доставени до Судот, а кои не се содржани во обвинителскиот предмет што им бил доставен, пренесува „Телма“.- Сакам да ве известам и дека ова Јавно обвинителство ги поддржува сите законски измени со кои се унапредува статусот на јавните обвинители во Република Македонија и нивната независност, бидејќи вакво …