Апр 13, 2016

Ѓорѓе Иванов помилува 56 лица

Знајни и звучни имиња, но и анонимци и незнајни за јавноста. Сите се нашле на листата за помилување на Иванов. Од политичари, преку судии, специјални обвинители, градоначалници, па се до директори, сопственици на портали, членови на општински комисии, и службеници.Рекордер е екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески со 16 помилувања. По него е екс министерката Гордана Јанкуловска за која Иванов потпишал дури 13. Во првата тројка се најде и Сашо Мијалков, за кого Иванов потпишал 6 помилувања.Никола Груевски и Мартин Протоѓер имаат ист број помилувања, пет, веднаш зад нив е секретар…

Апр 1, 2016

Деветто намалување на цените на лековите

Од денеска се намалуваат цените на 165 лекови (оргинатори и генерички лекови). Малопродажната цена на лекот панцеф се намалува за 38,10 проценти односно од 1.229 денари на 761 денар. Со ова деветто намалување на цените се опфатени рамиприл и валсартан, лекови за третман на висок крвен притисок кои пациентите ги земаат во аптеките. Цената на рамиприл е намалена за 50 отсто, а на валсартан за 40 отсто. Намалување на цената за 15 отсто има и кај хиконцил, тоа е амоксицилин по генеричко име, значи антибиотик. Има големо намалување на цената кај лековите мирзатен и велафакс кои се користат за …

Мар 31, 2016

„Македонски пошти“ со нови мопеди и опрема за поштарите

Со цел да се подобри квалитетот на услугите и условите за работа АД „Македонска пошта“ набави 120 мопеди со комплетна опрема за пошторазнесувачите. Мопедите се наменети за достава на поштенски пратки, пред с,е во рурални средини со ридско планинска конфигурација на терен и средини со рамничарска конфигурација на терен во кои пошторазнесувачите поминуваат подолги релации. Moпедите се со препознатливата жолта боја на Македонска пошта, со странично поставени сандачиња за багаж, прицврстени на задниот дел, кој овозможува пренесување на пратки со максимална тежина до 30 кг. по сандаче. – Очек…

Фев 3, 2022

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2022 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 3 февруари 2022 година. Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, за корис…

Мар 30, 2016

„Wizz Air“ со три нови летови од скопскиот аеродром

Со три нови дестинации е збогатена понудата на унгарската ниско буџетна авио компанија Виз Ер. Минатата недела од Скопје стартуваа нови линии до европските градови Берлин, Копенхаген и Братислава со кои, според надлежните, дополнително ќе се поттикне развојот на бизнисот и туризмот. Авионите ќе сообраќаат два пати неделно, а цените на билетите ќе почнуваат од 899 денари. За Македонија од особено значење е отворањето на линијата до словачката престолнина што е прво воздушно поврзување на двата града од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи. Македонската Влада и „Визер“ во 2012…

Мар 26, 2016

Од утре започнува летно сметање на времето

На 27-ти Март (недела), во 2 часот наутро Република Македонија ќе премине на летно сметање на времето. Истото ќе заврши на 30-ти Октомври во 3 часот, кога повторно ќе се премине на зимското, реално време. Стрелките на часовникот во недела треба да се поместат еден час напред и наместо 02 да означуваат 03 часот. Во Европа, во 1996 година договорено е преминувањето од зимско кон летно сметање на времето и тоа да се прави во последната недела (недела како ден) од месец март, точно во 1 часот наутро според Универзално време (UT). Тоа значи дека доколку кај нас (Средно европско време) се менува…

Мар 16, 2016

Уставниот суд одлучи, помилување на осудени за изборни регуларности, дозволено

Уставниот суд туку што ја донесе одлуката да се помилуваат осудени за избори нерегуларност, педофилија и други тешки кривични дела – дознава Либертас од судски извори. Поради оваа иницијатива во текот на вчерашниот ден на улиците на главниот град се одржаа два протести. Едниот, организиран од граѓанската платформа „Ајде“, под мотото „Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд“, беше поддржан од опозицијата. Илјадници граѓани побараа да не се менува Законот за помилување, како и оставка од петмина уставни судии, кои, според демонстрантите, работат и одлучуваат по диктат на владејачката парти…

Мар 9, 2016

Словенија: балканската рута веќе не постои

Словенија од полноќ повторно во целост го применува Шенгенскиот договор на својата граница со Хрватска, јавува словенечката агенција СТА. Агенцијата додава дека тоа е во согласност со затворањето на договорот за балканската мигрантска рута, кој беше постигнат на самитот ЕУ – Турција во понеделникот. Словенечката полиција им дозволува влез во земјата само на странците со валидни патни исправи, потоа на лицата кои ќе изразат желба да побараат меѓународна заштита и на поединците на кои им е потребен хуманитарен третман. Словенечкиот премиер Миро Церар по самитот во Брисел порача дека балкан…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top