На територијата на цела Македонија денеска временските услови ќе бидат со многу висока дневна температура, состојба што Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ја означува како жолта алертна фаза.
Температурата ќе достигне 40 Целзиусови степени.
Министерството за здравство вчера апелираше граѓаните од целата земја да ги почитуваат општите препораки за заштита од високата температура: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, а особено да се внимава при подготовката и конс…
Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва бензините и дизелот поевтинуваат!.
Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и дизелот се намалуваат во просек за 0.81 проценти.
Тоа значи дека од вечерва на полноќ цената на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 2 денари односно 1.5 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 61.00 односно 63.00 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 0.5 денари и еден литар ќе чини…
Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд, вo понделеник ќе ја посети Македонија. Како што соопшти Амбасадата на САД во Скопје, за време на посетата, таа ќе оствари средби со претставници на Владата, функционери на политички партии и претставници на граѓанското општество. На средбите, според соопштението, ќе се разговара за билатерални и регионални прашања, вклучувајќи ја и потребата за решавање на тековната политичка криза, поддршката за работата на Канцеларијата на специјалниот јавен обвинител, како и создавањето услови за …
Германскиот пратеник Јоханес Хајндл на поединечни средби ги слушна позициите на потписниците на Договорот од Пржино. СДСМ инсистира на прецизирање конкретни чекори за исполнување на условите за предвремени избори. Лидерот на опозицијата Зоран Заев посочил дека во следните денови е можен договор за избирачкиот список и за медиумите.Во ВМРО ДПМНЕ, Хајндл не беше пречекан од Никола Груевски туку од партиска делегација. За владеачката партија изборите се прифатливо, посакувано и единствено решение за надминување на кризата, но тоа треба да биде без неосновано лицитирање на нови термини кои подо…
Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража. Забраната што беше воведена во 09.45 часот поради обилни врнежи од снег е укината во 12:05 часот.
Од АМСМ информираат дека останува во сила забраната за сообраќај за тешки товарни возила на крак Маврово – Дебар, воведена во 09.30 часот исто така поради обилни врнежи од снег.
Посредникот за решавање на политичката криза во Македонија, германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Ханјдл, денеска треба да пристигне во Скопје и да се сретне со лидерите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино.
„Надоврзувајќи се на неговите претходни посети од минатите недели, Амбасадорот Хајндл одново ќе разговара со партиите- потписнички на Пржинскиот договор како и со претставници на меѓународната заедница“, пишува во соопштението од амбасадата.
Хајндл во Скопје ќе престојува два дена.
При неговата последна посета на 8 јуни, Хајндл рече дека има излез од политич…
Европска комисија одлучила да скрати 27,1 милион евра од ИПА-фондовите за Македонија, јавува „Алсат М“.
Европска комисија ја известила македонската Влада, а според информациите на овој медиум планирано е кратење и на останатите 50 милиони евра од ИПА-фондовите.
Европската канцеларија што е надлежна за истраги поврзани со измами при Европската комисија, ОЛАФ, потврди дека води истрага за злоупотреба на средствата од ИПА-фондовите во Македонија.
Отаму додаваат дека додека трае истрагата, не можат да говорат за детални информации за тоа, за колкави суми се води истрага.
Вчера, канцеларијат…
Германскиот посредник за решавање на политичката криза во Македонија, германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Ханјдл, в среда ќе допатува во Скопје, потврдија од Амбасадата на Германија во Скопје.
Засега не се откриваат детали од посетата на Хајндл. Се шпекулира дека и заменикот државен секретар на САД, Викторија Нуланд, ќе ја посети Македонија, но во моментов нема потврда за нејзиното доаѓање. Во опција се два термина, 6 јули, што се совпаѓа со посетата на Хајндл, и 10 јули, односно по завршувањето на самитот на НАТО во Варшава.
Не се знае дали Хајндл ќе се обиде заедно со Нуланд да п…