Одржување на оваа итна и неодложна собраниска седница е на барање на пратеничката група на СДСМ и опозицијата. Тие предлагаат итни мерки за помош на граѓаните погодени од временските непогоди.
Одржувањето ваква седница беше поддржано и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
Во соопштението од кабинетот на претседателот на Парламентот се вели дека се очекува до почетокот на седницата Владата на Република Македонија да изготви информација со која ќе го извести Собранието за состојбата и за преземените мерки во насока на санирање на последиците.
Во неврем…
Ладниот бран во Словенија донесе врнежи и ниски температури, а на планинскиот врв Кредарица, на 2.515 метри надморска висина, вистинска зимска идила, пишува Slovenske novice.
Босна и Херцеговина пак, во средата попладне ја разори силно невреме проследено со град со големина на орев. Настаната е материјална штета на автомобилите, куќите и полињата, бројни жители останале без електрична енергија, а во прекин биле и телефонските врски, јавува Maglaj.net.
Во нашата земја за денеска попладне и утре повторно се најавува невреме со пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и силен ветер.
Л…
Малопродажните цени на бензините од полноќ се намалуваат за денар и пол, а на дизелот за два денара, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 59,50 денари за литар, на Еуросупер БС 98 ќе биде 61,50 денари за литар, додека дизелот ќе се продава по 46 денари за литар.
Се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 34,50 денари, а мазутот ќе чини 21,17 денари за килограм.
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 41,88 долари за барел, а курсот на денарот во одн…
Според одлуката на Владата донесена вчера по страшното невреме кое зема 21 жртва, денес е Ден на жалост во Македонија. Знамињата пред владата се на половина копје во знак на жалост.Според последната информација од Министерството за внатрешни работи по катастрофалното невреме во Македонија на викендот, од пронајдените 21 загинато лице, 20 се идентификувани и предадени на семејствата, а една жртва не е идентификувана.
Загинатите се главно во реонот на приградските населби Сингелиќ, Стајковци, Црешево и обиколницата кај Смилковци. Најголем дел од жртвите се удавиле, меѓу нив и едно осумгодишн…
Грчката хакерска група која се нарекува Моќна Грчка Армија и која неодамна упадна во сајтовите на Владата и низа државни институции и медиуми, вчера ја нападнала Народната Банка на Македонија и низа комерцијални банки.
Групата на Твитер објави дека упаднала во НБРМ, НЛБ, Комерцијална Банка, Шпаркасе, Стопанска Банка – Битола, ТТК, Уни Банка и низа други банки во Македонија.
Сите банки под лиценца на Народната Банка на Република Северна Македонија / сите банки во Северна Македонија ќе паднат. Наскоро – напиша групата на твитер, додавајќи „операција крај на Македонија“.
НБРМ и низа м…
Државната изборна комисија соопшти дека во првите четири дена од пријавувањето, до вчера до 13 часот се пријавиле вкупно 397 граѓани за кои има несовпаѓања на податоците во Избирачкиот список. На списокот се 39.502 спорни гласачи, кои до 19 август треба сами да се пријават за да се регистрираат за гласање.
„Од овие 397, 86 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, додека 311 граѓани пријавувањето го оствариле преку веб-апликацијата на Државната изборна комисија“, соопшти ДИК.
Најмногу пријавени има во општина Чаир – …
Консултантската фирма за глобален менаџмент Бостон консалтинг груп во својот извештај за 2016 година ја рангира Македонија на последното место според одржливиот квалитет на живеење.
Одржливиот квалитет на живот се мери со 44 различни индикатори, меѓу кои се: БДП по глава на жител, стапката на невработеност, инфлацијата, распространетоста на болестите, очекуваниот животен век, квалитетот и достапноста на образованието, квалитетот на инфраструктурата, состојбата на животната средина, контролата на корупцијата и слободата на печатот.
Македонија е најлоша во Европа со оценка 42,9, а малку пре…
Државната изборна комисија денес ќе ги објави имињата на сите 39.502 спорни записи од Избирачкиот список и ќе остави 25 дена овие гласачи да го докажат со валиден документ своето избирачко право. За да бидат повторно запишани во Избирачкиот список, треба овие идентитети дополнително да се пријават, лично во ДИК или преку електронска пријава.Идентитетот на граѓаните ќе се утврдува со лична карта или со патна исправа. При електронско пријавување, секој граѓанин преку пријава од апликацијата на ДИК, со матичен број и скениран личен документ, од кој ќе може да се прочитаат личните податоци, ќе …