Сеп 15, 2016

СЈО започнува со обвиненија

Две обвиненија до Кривичниот суд денеска ќе поднесе Специјалното јавно обвинителство (СЈО), соопшти на денешната прес-конференција обвинителката Катица Јанева.Првото обвинение е за незаконско уништување на документација од системите на прислушување, во кое СЈО товари 7 лица, а вториот предмет за кој има обвинение е за демолирањето на Општина Центар и нарачката за насилство врз градоначалникот Андреј Жерновски. „Се работи за уништување документација, а целта била да се уништат списите поврзани со работата на системите за следеење на комуникациите, за што постојат доволен број докази и затоа…

Сеп 13, 2016

Нови земјотреси го тресат Балканот и Турција

По скопските земјотреси, потреси се регистрирани и во соседните земји. Утрово земјотрес е регистриран на Закинтос во Грција со јачина од 4,2 степена според Рихтеровата скала. Најмногу земјотреси се регистрирани во Турција и во Грција. Земјотрес имаше и во Бугарија околу 7,30 часот со сила од 2,5 степени по Рихтер кај Дрјаново. Епицентарот бил на 15 километри североисточно од Габрово и на длабочина од 2 километри. Во последните 24 часа земјата се тресеше и во Бугарија, Србија, Романија, Босна и Херцеговина, Италија и Македонија.

Сеп 9, 2016

Стапува на сила забраната за увоз на месо од Словенија и Црна Гора

Македонија го забранува увозот на животни, јајца и семе од Црна Гора и од Словенија поради болеста син јазик, а одлуката на надлежните веќе е објавена во Службен весник. Со оваа одлука, од утре во Македонија нема да може да се увезува месо или животни кои се подложни на болеста син јазик која главно се пренесува преку комарци, а ги напаѓа овците, козите и говедата. Забранетиот увоз се однесува и на семе, јајца и ембриони. Словенечката управа за храна и ветеринарство открила две животни заболени од син јазик, додека во Црна Гора состојбата е алармантна. Болеста последен пат во Македонија …

Сеп 8, 2016

УЈП присилно ќе наплатува за радиодифузна такса

Управата за јавни приходи објави листа на граѓани на кои им се заканува присилна наплата поради неплатени сметки за радиодифузна такса. Од 500.000 лица, колку што брои регистарот, над 85.000 се најдоа на листата, што значи дека секој шести во земјава е должник. Од УЈП ги повикуваат обврзниците наведени на листата, до 13-ти септември да ги подигнат решенијата за присилна наплата во нивните простории. По објавата во „Службен весник на РМ“ ќе се смета дека е извршена уредна достава на Решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса од Листата објавена на веб страницата на УЈП, а сите евен…

Сеп 5, 2016

Од полноќ нови цени на горивата

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар, а цената на дизелот останува непроменета.Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС 95 ќе биде 62 денари, а на Еуросупер БС 98 ќе изнесува 64 денари. За половина денар се зголемува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 37 денари, додека мазутот ќе се продава за 23,008 денари за килограм. Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 47,88 долари за барел, а курсот на денарот во однос на дол…

Сеп 5, 2016

ДИК: 1.770.736 гласачи со право на глас за изборите во декември

Oд Државната изборна комисија соопштија дека вкупно 1.770.736 граѓани ќе имаат право на глас на вонредните парламентарни избори кои треба да се одржат на 11 декември, оваа година. За разлика од претходните парламентарни избори кои се одржаа во 2104 година, оваа година има 9.392 гласачи помалку. Намалување на бројот на гласачи има во првата и втората изборна единица, а речиси 8.000 гласачи помалку има во изборните единици во Скопје и Куманово. Од ДИК информираа дека избирачкиот список е доставен до сите политички партии на 30 август. Јавен увид во списокот ќе биде можен од 27 октомври до…

Сеп 2, 2016

Собранието денес ќе гласа преодна влада

Собранието на Република Македонија денеска согласно договорот постигнат на лидерската средба треба да ја избере преодната влада која ќе ги организира парламентарните избори закажани за 11 декември. Според договорот, во преодната влада опозицијата треба да ги добие министерските места во секторите внатрешни работи и труд и социјална политика, како и дополнителни заменици министри за финансии, информатичко општество и администрација и за земјоделство. СДСМ синоќа едногласно реши кандидати за овие позиции да бидат истите лица и од претходната преодна влада – Оливер Спасовски за министер за в…

Сеп 1, 2016

Избори во декември, во петок техничка влада

Предвремени парламентарни избори на 11 декември 2016 година. Тоа е одлуката на која вчерва потпис ставија лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, по неколкучасовни преговори во Клубот на пратениците.Претходно на средбата лидерите констатираа дека се исполнети сите услови за одржување на изборите. Парламентот ќе се распушти согласно Уставот, а техничката влада треба да биде изгласана на 2 септември, во петок, 100 дена пред избори. Договорено е и новинарката Санта Аргирова да биде уредник на МРТВ, а на функцијата ќе стапи сто дена пред избори односно в петок. Партиите постигнаа договор и за …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top