Собранието денеска ја констатираше оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата, што беше дочекано со аплауз од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а актуелната Влада останува на должност до изборот на новата Влада. Заев оставката ја најави по одржувањето на локалните избори.
Тој преку писмо ги информираше претседателот на Собранието Талат Џафери и пратениците дека поднесува оставка од функцијата премиер и објасни дека одлуката ја донел како логичен чекор што произлегува од исходот на локалните избори и како израз на одговорност за изборите. Резултатите од последните избори, како што наведе, и…
Решение за запирање од извршување на Одлуката на Собранието на ЗАМП со која се забранува емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување, донесе Министерството за култура на Република Македонија.
Од ресорното министерзство потенцираат во дописот до медиумите дека во согласност со својата законска надлежност утврдена со Законот за авторското право и сродните права, по извршниот надзор над Одлуката на Собранието на ЗАМП од 19-ти септември годинава, донесе Решение за запирање од извршување на Одлуката на Собранието на ЗАМП со која се забранува емитување на авторски музички…
Државната изборна комисија денес треба да го стави на јавен увид избирачкиот список, а до 16 ноември граѓаните ќе можат да проверат дали се впишани во списокот и дали се точни податоците.
Во овој период и избирачите кои беа обележани како спорни повторно ќе можат да потврдат дека имаат право на глас.Во меѓувреме тече рокот за пријавување на граѓаните за гласање на изборите и се на привремена работа во странство. Заклучно со вчера до 14 часот вкупно 2.099 граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство преку електронската апликација на веб страницата на …
На седница на Управниот одбор на организацијата ХДС- ЗАМП е одлучено да се забрани користење на нивниот музички репертоар на сите радио и телевизиски станици на територија на Република Македонија.
“Внимателно ги следиме настаните во вашата земја и сакаме да ја изразиме нашата загриженост поради тоа што авторските права во Македонија постојано се изложени на ризик, со штетни последици на авторската заштита и вредноста на музичките дела на сите автори, домашни и странски”, беше наведено во соопштението.
Согласно соопштението оваа забрана стапува на сила веднаш. ЗАМП Македонија како организа…
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска доаѓа во Скопје на средби со лидерите на четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино, специјалната јавна обвинителка и со претставници на невладиниот сектор.
Главна цел на посетата како што се наведува е да се запознае со развојот на политичката состојба и да разговара за напредокот, главно во однос на организацијата на предвремените избори во декември и за имплементацијата на Итните реформски приоритети, кои ЕУ ги смета за клучни.
– Ја очекувам посетата на Скопје. Договорот постигнат минатото лето од страна на сите полити…
Земјотрес со јачина од 2.5 степени според Рихтеровата скала утрово во 8.58 часот е почувствуван во Македонија.
Според Европската сеизмолошка станица епицентарот на земјотресот бил во Делчево, на длабочина од 2 километри.
Вчера и во Скопје околу пладне беше почувствуван земјотрес со јачина од 2.6 степени со епицентар пет километри источно од Скопје.
Според сеизмолозите вчерашниот и денешниот земјотрес немаат предизвикано оштетувања, но апелираат до граѓаните дека може да го користат бесплатниот број 195 за пријавување на било какви проблеми кои настанале како последица на потресите и подн…
Трошоците на животот во септември, во однос на претходниот месец, се поголеми за 0,2%, објави Државниот завод за статистика.
Според индексот на цените, растот е забележан поради повисоките индекси на свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 2.6%, јајцата за 2.4%, компирот за 1.3%, месото, рибата, морските плодови и замрзнатото овошје за 0.7%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.5%, сувото овошје, јаткастите производи и алкохолните пијалаци за 0.3% и сушеното, соленото и чаденото месо за 0.2%.
Исклучок не се ниту гасот за домаќинства за 3.7%, течните горив…
На денешен ден пред 21 година беше извршен неуспешен атентат врз поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров.
Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди на главата. Во атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден и телохранителот Илчо Теовски.
Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена.
Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје.