Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на Еуродизел (Д-ЕV) изнесува 54,0 денари за литар. Малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 исто така се зголемени – 67 односно 69,0 денари за литар.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така е зголемена за 1,5 денари и сега изнесува 42,5 денар за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,794 денари за килограм е зголемена и малопродажната цена на мазутот М-1 НС која сега изнесува 28,292 денари за килограм.
Со одлуката е извршено зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтени…
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини апелираше на мудроста на претседателот Ѓорге Иванов за решавање на политичката криза во Македонија. Могерини, на прес-конференијата по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ во Брисел, ги повтори ставовите што ги изнесе за време на посетата на Скопје минатата недела и кажа дека Македонија има ресурси сама да се извлече од кризата.
„Верувам дека Скопје се уште се соочува со политичка и институционална криза. Мојата најголема грижа е таа криза да не прерасне во меѓуетничка криза…
Малопродажните цени на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина до еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32, односно за 0,09 отсто.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за половина денар по литар и ќе чини 52,5 денари, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за денар по литар и ќе изнесува 41 денар.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-…
Највисока просечна плата во регионот според последните податоци за минатата година има Словенија со 1.020,40 евра, додека најмала е во Македонија и истата изнесува 363,80 евра.
Во Македонија, како најниска во регионот, просечната плата е за 9,20 евра помала споредбено со крајот на 2015 година и на почетокот на минатата година, или 373 евра.
И покрај тоа што просечната плата во Словенија од 1.020,40 евра, според податоците за октомври лани беше најголема во регионот, сепак, е за 15,2 евра помала во однос на претходната година во кога изнесувала 1.035,60 евра.
Просечната плата во Хрватска …
Во Берово во шест часот утрово температурата се спуштила до рекордни минус 28 степени, во Крива Паланка -23, во Битола -24, во Тетово -22, Прилеп -21, во Штип -20, а Охрид -17.
Излегувањето на отворено при вакви температури не е препорачливо. Неопходно е на себе да се има топла облека и соодветни обувки.
Студеното време ќе продолжи и денеска, а се очекува највисоката температура во Охрид да биде -7 степени. Во текот на ноќта, исто така, ќе има значителен пад на температурите на територијата на целата држава и прогнозите се дека повторно ќе имаме температури од минус дваесет степени.
Спор…
Министерството за труд и социјална политика информира дека отпочна со постапка за прибирање на барања на лица корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, посебен додаток, детски додаток, родителски додаток како и деца без родители и родителска грижа, за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за своите деца во текот на зимскиот распуст за учебната 2016/2017 година.
Со овој проект предвидено е да се опфатат 1000 деца родени во периодот од 2002 до 2007 година или деца редовни ученици кои во учебната 2016/2017 година посетувале петто, шесто, седмо, осмо и деветт…
Во Државната изборна комисија денеска попладне ќе бидат врачени уверенијата за новите пратеници избрани на предвремените парламентарни избори 2016.
Се очекува по врачувањето на уверенијата, Собранието да го соопшти датумот на одржување на конститутивната седница, која треба да биде свикана најдоцна до сабота, 31 декември, на полноќ. Конститутивната седница, според најавите, ќе ја свика и со неа ќе претседава претседателот на Собранието во заминување Трајко Вељаноски.
Засега нема информација дали на истата седница ќе бидат избрани претседател и заменици претседатели на Собранието или само …
Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека се следи состојбата во Украина и дека нашата Амбасада е во контакт со македонските граѓани кои се наоѓаат во земјата, со цел да им се помогне да ја напуштат.
Се разбира, ја следиме состојбата и во поглед на нашите граѓани коишто се таму. Досега имавме неколку апели за да се искористат сите можности преку комерцијални летови да се вратат овде во Скопје. Дел од нив се вратија, дел не. Во комуникација сум со нашата Амбасада. Таму од утринава и денеска имаме неколку граѓани коишто бараат документи за да може да ја напуштат земјата, …