Локалните избори ќе се одржат во првата половина на октомври, а мандатот на советниците и градоначалниците ќе биде продолжен до одржувањето на изборите, се договориле претставници на парламентарните партии на денешната координативна средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. На средбата не присуствувал претставник од ВМРО-ДПМНЕ, пренесува novatv.mk.
„Партиите се договорија дека од исклучителен приоритет за Република Македонија е постигнувањето договор за донесување на Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот законик со кој одржувањето на локалните избори ќе биде пре…
Земјотрес со магнитуда од 4,2 степена според Рихтеровата скала е почувствуван изутрината во 04 часот и 08 минути во Скопје и околината.Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 13 километри источно од Скопје на длабочина од два километра.
Поточно епицентарот на земјотресот бил на 4 километри североисточно од Арачиново и 6 километри северно од Марино.Земјотресот предизвика вознемиреност кај Скопјани, и се почувствува и во повисоките згради како и во пониските објекти во главниот град.
Овој земојтрес е еден од посилните после минатогодишниот силен …
Претседателот на собранието Талат Џафери за понеделник закажа координативна средба меѓу претставниците на сите парламентарни партии.Се очекува една од темите на разговор меѓу координаторите да биде и датумот за локалните избори, а доколку биде постигнат договор можно е тој веднаш да биде ставен во процедура.
Мандатот на градоначалниците на општините и на општинските совети истекува во понеделник на 15 мај, а Џафери вчера ги повика политичките партии итно да разговараат за оваа проблематика за да не се случи блокада на општините.
Младиот битолчанец Никола Шиндре на социјалните мрежи упати апел за парична помош од 6000 евра потребна за операција на неговата мајка, која е болна од рак. За таа цел Никола направи серијал фотографии, со кои сака да ја подигне јавната свест за условите во кои што живеат болните од карцином, но првенствено и за загадувањето во Битола. Тој укажа дека енормното загадување во Битола и околината од Рударско-енергетскиот комбинат „Битола“, пред се заради непоставувањето на филтри, како и незаинтересираноста на централната и локалната власт за овие прашања и немањето на силно граѓанско општество…
Гевгеличани на вчерашниот референдум со убедливо мнозинство од 97 проценти гласаа „против“ отворање на рудници за ископ на минерални суровини на територија на општината. Според првичните информации „за “ гласале 154 жители на Гевгелија додека „против“гласале 13 097 гласачи. Од општинската изборна комисија наведоа дека сега течат роковите за жалби.Со тоа што над 13 илјади гевгеличани или околу 70 отсто од запишаните 19 459 во Избирачкиот список денеска излегоа на гласање, исполнет е законскиот праг од над 50% излезност, што значи дека референдумот е успешен. Иницијаторите за референдумот од …
Ширење на мали сипаници, морбили и епидемија од нив може да се случи и во Македонија, предупредуваат здравствените власти и епидемиолозите. Кај нас засега нема случаи на заразени, но болеста се шири во наша близина, а многу лесно се пренесува. Во соседна Бугарија деновиве од овие сипаници почина деветмесечно бебе, а во последниот период бројот на жртви во Романија стаса до 21, пренесува порталот „Факултети“. Во Македонија е опаднат бројот на деца кои ја добиваат вакцината против морбили, рубеола и паротит-МРП, а со зголемување на бројот на невакцинирани деца, велат здравствените …
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,25, односно за 2,35 отсто.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 65, а на ЕУРОСУПЕР БС- 98, 67 денари за литар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 50,5, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 39 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,319 денари за килограм се намалува и м…
Министерот за финансии Кирил Миноски денеска рече дека штом министерството ги направи сите потребни проверки, ќе почне и исплатата на субвенциите за земјоделците, пренесува АлсатМ.Тој рече дека трезорот работи согласно дневната ликвидност и во зависност од тоа ќе се изврши и планирање на средствата, по што треба да почне и исплатата на парите. И директорот на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството Игор Златков, за агенцијата МИА потврди дека денеска или утре земјоделците треба да ги добијат парите за субвенции. Прво ќе се исплата парите за 2015 – та година, а потоа етапно, до…