„Дневник“, првиот приватен дневен весник во Република Македонија, чиј прв број излезе на 20 март 1996 година, денес излезе во продажба за последен пат.
Денешното издание на дневниот весник „Дневник“ е последното што читателите можеа да го купат. Од утре весникот повеќе нема да се печати, на вработените ќе им биде исплатена плата за мај во следните 20 дена, период во кој ќе бидат испратени „на одмор“, а фирмата ќе оди во ликвадација. Ова од менаџментот денеска им го соопштиле на 60-тина вработени во „Дневник“, со образложение дека фирмата не успеала да обезбеди кредит, неопходен за функцио…
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари, а цената на дизел горвата се намалува за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,52, односно 4,17 отсто.Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,5, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, 64,5 денари за литар.ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 48, додека Екстра лесното масло за домаќинство за 36,5 денари за литар.Со одлуката на РКЕ за 1,176 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазуто…
Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, претстави дел од наодите во класифицираниот извештај на работната група за крвавиот четврток, во Парламентот соопштувајќи наедно дека почнале постапките за утврдување одговорност за намерните пропусти во МВР. Извештајот, според Спасовски, потврдил дека МВР е партизирано, нешто на што тој предупредуваше кога беше технички министер со оценка дека сè додека оваа институција работи според партиски интереси не ќе може да функционира нормално.„Очигледно е дека некој ја злоупотребил својата положба и со тоа го овозможил нападот врз пратениците и н…
Со 64 гласа за, ниту еден против или воздржан, укинато е екстерното тестирање. Гласањето беше пропратено со аплауз во собраниската сала, каде отсуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.„Неколку-годишното спроведување на екстерното тестирање покажа дека наместо да го подобри квалитетот на образованието, состојбите во образованието само се влошија.Огромен дел од стручната јавност, но и директните учесници во образовниот процес, пред се наставниците, по овие неколку тестирања ги искажаа своите ставови и критики за екстерното тестирање. Екстерното тестирање како механизам за оценување донесе само ст…
Од МВР потврдуваат дека бил нападнат поранешниот министер за здравство Никола Тодоров и дека напаѓачот е однесен во полициска станица.
Полицијата работи на расчистување на случјот и повеќе информаци најавија за подоцна во текот на денот. Засега нема повеке детали за инцидентот.
Новоизбраниот министер за здравство Арбен Таравари за Радио Слободна Европа изјави дека не отишол во Министерството да ја преземе функцијата, оти му било јавено за инцидентот.
Во 12 и 30 требаше да се изврши промопредвањето на министерската функција.
Пратеничката на СДСМ Рената Дескоска, која е предлог на мандатарот на новата влада за министер за образование, денеска изјави дека утре на дневен ред на седница на Собранието ќе бидат ставени три закони со кои, како што рече, ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и средните училишта.„Како што ветивме, ќе работиме во интерес на граѓаните. Првиот чекор во образованието го правиме со тоа што утре на дневен ред на седницата на Собранието ќе се најдат три закони со коишто ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и средните училишта и за таа цел денеска е одблокирано Собрание…
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64 денари, а 66 денари ќе се плаќа за литар ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 50,50 денари, додека новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39 денари за литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,130 денари по килограм и ќе изнесува 26,382 денари.Малопродажните цени на нафтените деривати, согласно Методологијата з…
Мандатарот Зоран Заев вечерва предложи 17 имиња за идни министри. Најави дека ако стигнат, веднаш ќе ја поднесат предлог програмата и составот до Собранието. Претходно ДУИ ги објави своите седум предлози, а се чека и на двата од Алијансата за Албанците. Беса одлучи да не биде дел од Владата.Седумнаесет имиња за министри предложи вечерва мандатарот Зоран Заев од редовите на СДСМ и коалиција, но меѓу кои има и непартиски имиња. На прес-конференцијата по Централниот одбор на партијата Заев соопшти дека ги предлагаат следниве имиња:Министер за одбрана Радмила Шеќеринска, за внатрешни работи Оли…