Сеп 11, 2008

Нова рунда разговори за името

Во Њујорк денеска ќе биде одржана нова рунда македонско-грчки разговори за надминување на разликите околу употребата на уставното име на Република Македонија.Медијаторот на ОН Метју Нимиц ќе има одделни средби со претставниците на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Адемантиос Василакис. Во македонската делегација е и Мартин Протоѓер, шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски. Не е исклучено да биде одржан и заеднички состанок на претставниците на двете земји, а разговорите да продолжат и в петок.Засега нема официјална потврда за медиумските најави во Атина и во Скопје дека меди…

Сеп 10, 2008

Трошоците на живот во август пониски за 0,2 отсто

Трошоците на живот во август годинава во однос на јули биле пониски за 0,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во август 2008, во однос на претходниот месец, намалување на цените е забележано во групата Сообраќај за 2.7%, Покуќнина, мебел и др за 1.0%, храна и безалкохолни пијалаци за 0.9% и облека и обувки за 0.4%. Пораст на индексите е забележан во групите – централно греење за 43.4%, Алкохолни пијалаци и тутун за 0.5%, Здравје за 0.3% и хотели и ресторани за 0.2%. Македонските граѓани околу 80 проценти од нето плати…

Сеп 10, 2008

Четрнаесетти Славистички конгрес од денес во Охрид

Над 600 слависти од 40 земји од светот ќе земат учество на 14. Славистички конгрес што од 10. до 16. септември за прв пат ќе се одржи во Охрид, а на поканата на организаторот единствено не се одзвале славистите од Грција. Во Охрид во полноправни членки на Меѓународниот славистички комитет ќе бидат промовирани Турција, Босна и Херцеговина, Шпанија и Кина.Во рамки на Конгресот ќе биде организирана и изложба на преку три илјади научни дела од областа на славистиката кои ќе останат во трајна сопственост на Република Македонија.„Конгресот во Охрид ќе има позитивно влијание во решавањето на одред…

Сеп 9, 2008

Словачка ќе и помага на Македонија за креирање на европска социјална политика

Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами и заменик министерот за труд, социјални работи и семејство од Словачка Владислав Борик ќе се обратат на воведната конференција на Твининг проектот „Преглед на националното трудово законодавство“, што ќе се одржи денеска во Скопје. Преку твининг проектот кој се базира на функционално партнерство помеѓу земјата членка и земјата – кандидат, Словачка ќе и помага на Македонија, во градењето на новата социјална архитектура, услов за влез во европското семејство. Преку овој проект треба да се спроведат 39 директиви од социјалната сфера, да се п…

Сеп 8, 2008

Седумнаесет години самостојна Македонија

Република Македонија одбележува 17 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.Убедливо мнозинство над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година позитивно одговорија на референдумско прашање – „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“ На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на народот за самостојна држава беше п…

Јул 3, 2017

Паника и оштетувања на објекти по силниот земјотрес

Земјотрес со јачина од  5,1 степени по Рихтер го потресе Охрид околу 13.09 часот. Епицентарот беше на околу 5 километри од селото Косел, на длабочина од 10 километри.Освен паника меѓу населението, земјотресот предизвика и оштетување на објекти кои се пријавени во ЦУК на бројот 195. Пријавени биле оштетувања на фасади, покриви, оџаци…Од ЦУК упатуваат апел до граѓаните да ја задржат присебноста за да не дојде до несакани последици.Во текот на изминатите две недели земјата не престанува да се тресе во Охридскиот регион во кој имаше над 800 земјотреси.По серијата земјотреси во Охрид денеска п…

Сеп 6, 2008

Министерот Милошоски на неформалниот состанок на шефовите на дипломатијата на ЕУ во Авињон (RPT)

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски денеска присуствува на вториот ден на неформалниот состанок на шефовите на дипломатијата на земјите-членки на Европската унија во Авињон, Франција.На состанокот, покрај министрите на земјите-членки на Унијата, присуствуваат и шефовите на дипломатиите на земјите кандидатки – Македонија, Хрватска (Гордан Јандроковиќ) и на Турција (Али Бабиџан).На неформалниот состанок во Франција присуствуваат и високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана, европскиот комесар за проширување Оли Рен и европс…

Сеп 5, 2008

„Тартан Арми“ пристигнуваат во Скопје

Тоа е знак дека во Скопје пристигна „Тартан арми“, популарната група на навивачи на шкотската фудбалска репрезентација. Неколку стотици навивачи ги окупираа кафулињата на Кејот на Вардар и најавија дека денеска и утре ќе пристигнат уште 2-3 илјади симпатизери на Шкотска. Во Скопје пристигнавме во средата, градот ни се допаѓа. Единствен проблем ни претставува топлото време, на кое не сме навикнати. Затоа се ладиме со пиво – изјави Дејв Маршал, навивач на Сент Џонсон, каде што настапуваше македонскиот интернационалец Горан Станиќ. Очекувам тежок меч и победа од 2-1. Од вашата земја познат ми …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top