Поради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари од денеска до 15-ти следниот месец се воведува делумна забрана за движење во шумите со стопанска намена, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Одлуката на ресорното Министерство не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, како што се националните паркови, парк шумите, шуми со специјална намена споменици на природата и слично.
Одлуката, исто така, не важи и за организирана група туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намен…
Посредникот во македонско-грчките преговори за разликите околу името Метју Нимиц во својата адвокатска канцеларија во Њујорк доцна синоќа по македонско време одржа одвоени средби со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис, а потоа и со македонскиот Никола Димитров и шефот на Кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протуѓер.На новинарско прашање дали е задоволен од разговорите со Нимиц, Василакис по едночасовната средба изјави дека се уште е рано за конкретни оценки, како и дека не очекува ништо ново од денешната заедничка средба. На посредникот Нимиц му најавил дека ако другата стра…
Нова рунда преговори за проблемот што го има Грција со уставното име на Македонија ќе се одржи доцна попладне во Њујорк.Со одвоени средби со преговарачите на Македонија и на Грција, посредникот Метју Нимиц ја почнува веројатно последната рунда преговори, на која се очекува да даде и финален предлог за решавање на спорот. На средбите, прво со грчката, па потоа и со македонската страна, двајцата преговарачи треба да ги изнесат позициите на своите земји, а од овие разговори ќе зависи дали наредниот ден Нимиц ќе ги повика двајцата преговарачи на заедничка средба или повторно ќе се гледа со нив …
Државниот и политичкиот врв денеска ќе одржи средба за прашањето за името, во пресрет на новата преговарачка рунда што медијаторот Метју Нимиц ја закажа за неделава во Њујорк.На средбата треба да учествуваат лидерите на владеачките ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, премиерот Никола Груевски и Али Ахмети, на опозиционите СДСМ и ДПА, Зоран Заев и Мендух Тачи, и шефот на државата Бранко Црвенковски.Пред средбата на власта и опозицијата, двете страни изнесоа различни ставови во врска со македонската преговарачка позиција за решавање на разликите околу името со Грција.ВМРО ДПМНЕ се изјасни во преговорите со Грц…
Република Македонија од 6 до 8 октомври годинава по втор пат со свои проекти ќе учествува на меѓународниот саем за комерцијални недвижности „Експо Реал“, што секоја година се одржува во Минхен, Германија, каде на 63.000 метри квадратни изложбена површина годинава ќе се претставуваат 1.800 изложувачи од 45 држави.На саемот учествуваат општини, јавни и приватни претпријатија и други организации со инвестициски проекти од областа на комерцијалните недвижности – трговски центри, деловен простор, станбени комплекси, индустриски зони, технолошки паркови … На заедничкиот национален штанд, подгот…
Гитаристот Ал ди Меола – четири пати прогласуван за најдобар џез гитарист во светот од престижното списание „Guitar player“, на 16 октомври ќе настапи во Универзалната сала во Скопје.Ал ди Меола во Скопје ќе го придружуваат тројца врвни џез музичари – Гумби Ортез, Пео Алфонси и Фаусто Бечалоси.Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба од 6 октомври и ќе чинат 800 до 1.000 денари. Настапот на Ал ди Меола е во склоп на неговата светска турнеја „New world sinfonia tour“. Концертот во Скопје го организира Авалон продукција.
Фестивалот на класична музика „Интерфест“ почнува вечер во НУ Завод и Музеј-Битола со гала оперски концерт на Џована Манчи, сопран од Италија, во придружба на Тамара Марковиќ, мецосопран од Србија, Михајло Арсенски, тенор и Игор Дурловски, бас, двајцата од Македонија. Тие ќе изведат дела од Доницети, Росини, Пучини, Верди и од Прокопиев. На програмата на „Интерфест 2008“ ќе учествуваат светски познати уметници од Франција, како што е пијанистот Иг Леклер, од Германија доаѓа Франк Васер-пијано, од Турција својот настап го потврдија Чихат Аскин-виоилина и Џана Гурман-пијано, а ќе има гости и …
Станува збор за спогодба за надоместување на трошоците преку паушални плаќања на здравствените корисници на Македонија и Австрија.Дополнителна Спогодба за надоместување на трошоците преку паушални плаќања на здравствените корисници на Македонија и Австрија, денеска во Скопје ќе потпишат министерот за здравство Бујар Османи и австрискиот амбасадор Алоис Краут.Со дополнителната спогодба поконкретно се уредува осигурувањето на здравствената заштита на осигурените лица и членовите на семејството на активните осигуреници, кои не живеат заедно со осигуреникот во државата каде тој работи, соопшти …