Северновардарскиот и охридско-преспанскиот регион денеска ќе бидат зафатени со температури од портокалова фаза, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.Лекарите со препораки да се избегнува излегување во периодот помеѓу 11 и 17 часот, а доколку мора да излезат граѓаните да носат со себе шише вода и да носат светла облека за да се заштитат од штетните УВ-зраци.
Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да соопшти за колку ќе поскапи струјата.Ова вчера, по средбата со претставниците на трите енергетски компании во Македонија ЕЛЕМ, Мепсо и ЕВН, го најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Славе Ивановски.Раководството на ЕВН изрази незадоволство од најавената одлука на регулаторите бидејќи со неа на ЕЛЕМ ќе му се зголеми струјата за 37 отсто, на Мепсо за 13 отсто, а на ЕВН само за 0,44 отсто. Австриската компанија најави дека откако ќе биде донесена одлуката ќе поднесе жалба до соодветните институции.
Во рамки на презентирањето на Охрид ќе се одржат и повеќе работни средби со бизнисмени и потенцијални инвеститори во Охрид, како и разговори со градоначалникот на Лугано за продлабочување на соработката меѓу двата града.Презентацијата на Охрид се одвива под спонзорство на Швајцарија, а ја предводи охридскиот градоначалник Александар Петрески.Според градоначалникот Петрески, се очекува да се конкретизира најавената донација од градот Лугано за Охрид која се однесува на опремување на Територијалната противпожарна единица во Охрид со современа опрема и возила.Туристичкиот саем во Лугано е трад…
Во рамки на вежбовните активности на „МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК – 04“, утринава во селото Криволак, ќе се изведе вежба на која ќе биде прикажано практично справување со уфрлени терористички групи во урбана средина. Како што соопшти прес – службата на армиската вежба, активностите на пазарот во сeло Криволак ќе ги изведуваат припадниците на декларираниот среден пешадиски баталјон од составот на Првата механизирана пешадиска бригада (мпбр.) и четата на Воената полиција.Согласно сценариото за решавање на „инцидентот“, учесниците на вежбата ќе треба да спречат недозволени активности предизвикани од те…
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски денеска и утре ќе престојува во посета на Естонија и Латвија. За време на престојот во Талин, вицепремиерот Боцевски ќе се сретне со премиерот на Естонија Андрус Ансип, со министерот за финасии Ивари Падар, со министерот за економија и комуникции Еинари Кисел, со министерката за социјални работи Марет Марипу, со потсекретарот за надворешни работи Каја Таелк, како и со други функционери кои работат на прашања од областа на ЕУ, надворешните работи и економијата.Во Естонија, јави известувачот на МИА, вицепремиерот Боцевски ќе се сретне …
Заменик помошникот на државниот секретар на САД Стјуарт Е. Џонс денеска ќе престојува во посета на Македонија.Во рамки на посетата, предвидено е Џонс да има одвоени средби со премиерот Никола Груевски и со претседателот Бранко Црвенковски. Се очекува македонскиот државен врв да дискутира со американскиот гостин за повеќе прашања, како и да им биде пренесен ставот на американската администрација во врска со претстојните локални и претседателски избори во Македонија.
Регулаторната комисија ја скрои цената на струјата. Од ноември предлага сметките да се зголемат за повеќе од 13 проценти. Пресметките регулаторите денеска ги ковертираа до трите енергетски компании ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН. Од таму не соопштуваат колкав процент на зголемување од секоја компанија бил одобрен. Неофицијално велат – ниту една од нив не доби колку што бараше. Според информации на Канал 5, ЕЛЕМ ќе добие зголемување на производната цена на струјата за 37,4 проценти од бараните 38 отсто. МЕПСО бараше услугата пренос и диспечирање да поскапи за 100 отсто, а регулаторите неофицијално одобри…
Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски денеска на заедничка координативна средба повторно ќе го разгледуваат последниот сет идеи на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името.Ова е втора координативна средба на државниот врв за името во изминатите десетина дена. На претходната, одржана на 16 октомври, претседателот Црвенковски, премиерот Груевски и специјалниот пратеник за името Никола Димитров, како што беше соопштено по средбата, направија анализа на пакетот идеи на Нимиц презентиран во Њујорк на 8-ми овој месец, но не го дефинираа одговорот на Република …