Амбасадорот Никола Димитров не е веќе претставник на Македонија во разговорите за надминување на разликите за името, што со Грција се водат под покровителство на Обединетите Нации.Македонскиот претседател Бранко Црвенковски ова го соопшти синоќа во парламентарната расправа за резолуцијата за името.Црвенковски образложи дека одлуката за престанок на мандатот на амбасадорот, ја донел за да се надминат разликите што постојат меѓу него и премиерот Никола Груевски, во приодот кон прашањето за името, што исто така се злоупотребува и од страна на Грција.Претседателот рече дека се согласува главен …
За резолуцијата синоќа гласаа 93 пратеници, а еден беше против. Во документот како една од главните точки се акцентира сочувувањето на македонскиот национален идентитет. Во изработката на стратегијата е предвидено да се вклучат сите парламентарни партии и експертите.Претседателот Бранко Црвенковски рече дека е потребна нова стратегија за решавање на прашањето на името, по насилничкото прекршување на времената спогодба од страна на Грција на самитот на НАТО во Букурешт, кога го блокираше приемот на Македонија.Во однос на двојната формула, Црвенковски рече дека Македонија ја напуштила оваа со…
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Чешка.Тој попладне во Прага ќе учествува на тркалезна маса на тема „Патот на Македонија кон интеграција во ЕУ“ и ќе има обраќање пред членовите на Чешкиот совет за надворешни односи. Предвидено е вицепремиерот вечер да се сретне и со претставници на македонската дијаспора во Чешка.Во рамки на престојот во Чешка, Боцевски утре ќе оствари средба со вицепремиерот за евроинтеграции на Чешка, Александер Вондра, а ќе разговара и со заменикот-вицепремиер, шеф на Секторот за европски прашања …
„Македонија на 15 октомври ќе гласа за избор на градоначалници и членови на општинските совети. Собранискиот спикер, Талат Џафери, денеска ги распиша локалните избори, а решението ќе го добие и Државната изборна комисија. Изборната кампања, како што најави тој, ќе започне на 25 септември – дваесет дена пред изборите. Во тој период нема да има пленарни седници, со цел тие да не се претворат во предизборна арена“, рече Џафери. Тој им порача на партиите и институциите да создада услови за демократски изборен процес.„Во периодот, на денот пред изборите и на самиот ден на изборите да се однесува…
Владата реализираше над 90 проценти од ветеното во програмата со која ја доби довербата од граѓаните.Остварени се планираните 183 проекти и мерки и дополнителни 11 проекти, а се интензивирани и претходно почнатите активности за реформи во многу области, истакна во денешното обраќање премиерот Никола Груевски, кој направи пресек на исполнетите владини ветувања од формирањето на владинот кабинет пред сто дена. Премиерот истакна оти во изминатите 100 дена Владата работела секојдевно и посветено на решавање на проблемите на граѓаните и на развој на државата и порача дека нема да дозволи да ја…
Во Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“ и Армискиот полигон (АП) „Криволак“ на Денот за високи гости (ДВД), учесниците на вежбата ,,Македонски Блесок 04“ денеска ќе изведат вежбовни активности, со кои ќе ја демонстрираат нивната обученост и оперативна способност за извршување на мисии предводени од НАТО. Како што е најавено ќе биде презентирана структурата на вежбата, сценариото и реализацијата на активностите. На полигонот, средниот пешадиски баталјон, четата на воена полиција и хеликоптерскиот детачмент ќе изведат вежба со која ќе прикажат обезбедување на база, приведување на криминална гр…
Акција за легализирање на нелегалните приклучоци во електроенергетската мрежа воведува од денеска ЕВН Македонија.Со ова им се дава шанса на сите кои се нелегално приклучени на мрежата, или поради било кој начин имаат проблем со броилото да се пријават во еден од корисничките центри на компанијата.Поради нелегалните приклучување големи штети трпи ЕВН, но и останатите граѓани, бидејќи се губи во квалитетот и се нарушува стабилноста на дистрибутивната мрежа, велат претставници на компанијата.Тие на вчерашниот брифинг информираа дека субјектите кои доброволно ќе се пријават ќе добијат извесни п…
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, денеска ќе учествува на состанок на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите на процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP).На состанокот што ќе се одржи во главниот град на Молдавија, Кишинау, главни теми ќе бидат од областа на незаконското користење на личните податоци и од областа на компјутерскиот криминал.Министрите за внатрешни работи од процесот за соработка во Југоисточна Европа ќе потпишат и заедничка декларација за соработка во насока на целосна имплементација на Конвенцијата на ОН за борба против транснацио…