Американскиот гигант во информатичката технологија “Интел” ќе инвестира во образованието во Македонија, за што синоќа во Сан Франциско Владата на Република Македонија и компанијата потпишаа Меморандум за разбирање. „Со овој Меморандум треба да имаме поддршка од “Интел” со одредени инвестиции во образованието“, изјави премиерот Груевски по потпишувањето на документот со претседателот на Управниот одбор на компанијата на кого македонската владина делегација која престојува во САД му ги презентира можностите за инвестирање во Македонија.Раководството на “Интел”, јави известувачот на МИА, било …
Од 20 до 23 ноември, во киното Вилиџ Ист во Њујорк ќе се одржи првиот Македонски филмски фестивал, во орагнизација на Македонскиот филмски фонд (МФФ) во соработка со Меѓународниот филмски круг. Целта на Македонскиот филмски фестивал, како што соопшти МФФ, е да презентира дел од најдобрите филмски остварувања од Македонија. Некои од режисерите на десетте филма кои ќе се прикажуваат на Македонскиот филмски фестивал ќе присуствуваат и на нивните јавни проекции.На отворањето на Фестивалот ќе биде прикажан филмот „Јас сум од Титов Велес“ на Теона Стругар Митевска. Во наредните денови ќе бидат пр…
Судскиот процес за сообраќајната несреќа во која пред една година во Хрватска загина македонската поп ѕвезда Тоше Проески денеска треба да започне во судот во Скопје. Процесот се води против Ѓорѓи Ѓорѓиевски, возачот на „туарегот“ во кој загина Тоше. Целокупната истрага за сообраќајната несреќа траеше скоро една година.Обвинителството го товари Ѓорѓи Ѓорѓевски, кој управуваше со возилото за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, за што е предвидена затворска казна од една до пет години. Вештачењата утврдија дека тој возел со поголема брзина од дозволената. Според резултатит…
Македонска делегација, предводена од премиерот Никола Груевски денеска ја започнува неколку дневната посета на САД, каде утре и на 14 ноември ќе учествува на бизнис форуми во Сан Франциско и Чикаго.Според најавите, утре ќе се одржи Бизнис Форумот „Македонија – земја на ИТ експерти“ во Силиконската долина во Сан Франциско, на кој делегацијата ќе ги презентира економските политики со посебен фокус на реформите за унапредување на информатичкото општество и образованието насочени кон подобрување на вкупната бизнис клима и привлекување реномирани американски инвеститори.Меѓу главните презентери …
Апелацискиот суд во Тирана изрече вкупна затворска казна од 54 години на петмина албански државјани обвинети за киднапирање на гостиварскиот оџа Ирфан Идризи. Казна затвор во траење од 12 години осуден е Масар Мели, една година помалку добиле Кораб Мели и Шкелќим Пелуши, додека на по 10 годишна казна се осудени Беќир и Бастри Шаху.Идризи, кој тогаш имал 45 години, бил кинднапиран на 2 декември 2002 година во гостиварското село Форино, по што бил пренесен во северниот албански град Кукс. Од неговите најбилски барале откуп од еден милион евра. Парите семејството ги исплатило, но Идризи не би…
Во рамки на манифестацијата „Есенски музички свечености“, денеска на сцената на Македонската опера и балет ќе биде изведена операта на Волфганг Амадеус Моцарт „Волшебната флејта“.Авторската екипа е од Австрија. Претставата ја режираше Ангела Цабрса. Сценографијата и костимографијата е на Ана Катарина Штробл, косценограф и светло дизајн е Волфганг фон Џоубек.Под диригентската палка на гостинот од Австрија Рикардо Моресо во главните улоги ќе настапат нашите интернационалци Благој Нацоски (Тамино), Ана Дурловска (Кралица на ноќта), Игор Дурловски (Зарастро) и гостинот од Србија Владимир Андри…
Првата детска амбасада во светот Меѓаши денеска ќе одржи прес конференција посветена на кампања под мото „Родителите кои ги тепаат своите деца сакаат да го сокријат тоа.”Цел на кампањата е да се влијае на создавање поодговорно родителство и да се подигнеме свеста околу потребата за поддршка и помош на децата.Кампањата е дел од меѓународниот проект „Детство без насилство – кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа“.На прес конференцијата, како што е соопштено., ќе бидат изнесени неколку случаи на физичко насилство врз деца од нашиот СОС телефон за деца и млади, како и информации…
„Пратките од интернет нарачки кои пристигнуваат во Македонска пошта се трансформираат во книжени – препорачани пратки со лепење на посебен бар – код и се внесуваат во системот за следење на пратки на Македонска пошта, и покрај тоа што ниту една директива на Светскиот поштенски сојуз не нé обврзува на тоа“, известуваат од Македонска пошта.Сите граѓани кои купуваат од странски продавачи, пристигнувањето на нивната пратка во Македонска пошта и реализирањето на доставата веќе можат да го следат преку системот за следење на пратки на Македонска пошта, поставен на веб страната www.posta.com.mk„Со…