Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски денеска ќе одржат средба на која ќе стане збор за прашања од заедничка надлежност на шефот на државата и на Владата.Средбата, како што е најавено, треба да се одржи напладне, во кабинетот на претседателот на државата.Нема потврда дека на средбата ќе се разговара за назначувањето нов специјален претставник на Македонија во разговорите за разликите околу името со Грција што се водат со посредство на ОН, по одлуката на претседателот Црвенковски да го разреши Никола Димитров.Владата на Република Македонија вчера ги оцени како неточни …
Црвениот крст на Македонија под мотото „За достоинствена старост“ од денеска до 23 овој месец ќе ја одбележи Неделата за грижа на старите лица.Целта е да се побуди чувството кај луѓето за потребната грижа на старите и изнемоштени лица, посебно да се создаде навика кај младите за помогање и водење на поголема грижа за старите лица.Во текот на Неделата преку општинските организации на Црвениот крст ќе бидат организирани предавања за соодветни здравствени совети на старите лица, организирано мерење на шеќерот во крвта и крвниот притисок, посета во домовите за стари лица и.т.н.Сите заинтересира…
Договор за рамена и взаемна заштита на класифицирани податоци меѓу Хрватска и Македонија потпишан е во Загреб, соопшти вчера хрватската влада.Договорот во име на хрватската влада го потпиша директорот на Канцеларијата на Советот за национална безбедност Ладислав Пивчевиќ, а во име на македонската влада Лидија Костовска, директорка на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.Станува збор за меѓународен договору во целост усогласен со НАТО стандардите. {loadposition content9}
Во Македонија има висока стапка на нееднаквост меѓу граѓаните по основ на доход и постои тенденција на нејзин раст, покажува анализата за доходовна нееднаквост што за првпат ја објави Министерството за финансии врз основа на податоци од Управата за јавни приходи.„Педесет oтсто од луѓето во Македонија што остваруваат доход имаат доход што е под 212 евра месечно, 70 oтсто имаат доход што е под 297 евра месечно, 90 oтсто имаат доход што е под 495 евра месечно, а од друга страна 2 oтсто од луѓето имаат доход што е над 1.044 евра, а еден процент од луѓето имаат доход што е над 1.523 евра“ – изја…
Додека власта смирува, стручната јавност предупредува, а и состојбата во производствените капацитети укажува дека Македонија ни малку не е имуна, односно светската економска криза ,,тропа и на нашите порти“. Вработените од металуршката индустрија, пред неколку дена ја повикуваа владата, поради намалувањето на цените на металите на светските берзи, и ја почувствува глобалната економска криза. 500-тини работници веќе се на принуден одмор, платите се преполовени, вработените од Фени индустри пораката на незадоволство и барањата за одредени субвенции за да ја пребродат ситуацијата, преку штрајк…
Македонското малцинство и неговите права во соседството се предмет на најновата студија на Европскиот парламент (ЕП) за положбата на малцинствата на Западен Балкан.Во студијата, која содржи обемни податоци за правата на малцинствата во Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина (БиХ), Албанија и на Косово, прецизно се наведува постоење на Македонци.Студијата на Европскиот парламент, меѓутоа, не содржи податоци за положбата и правата на македонското малцинство во Бугарија и Грција, каде Македонците се оспоруваат или не се признаваат.Во студијата, во делот за Албанија се нав…
Сојузот на синдикати на Македонија за денеска најави масовни протести во Скопје против законските измени, за кои обвинуваат дека драстично ги намалуваат правата на работниците.Протестите треба да започнат во 19 часот во центарот на Скопје. ССМ пред една недела одржа предупредувачки протести во неколку македонски градови.Барањата на Синдикатот се укинување на последните измени и дополнувања на Законот за работни односи – работниот стаж покрај возраста да биде услов за пензионирање, законско утврдување на минималната плата, како и донесување закон со кој материјално ќе се обезбедат сите стеча…
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денеска официјално од страна на министерот за финансии, Трајко Славевски треба да го прими Предлог-буџетот на Република Македонија за 2009 година.Расходната страна на предлог буџетот на Македонија за 2009 е околу 2,67 милијарди евра, додека приходната е проектирана на околу 2,49 милијарди евра, најави претходно министерот за финансии Трајко Славевски.Министерот прецизираше дека буџетскиот дефицит е на ниво од 2,8 отсто„Буџетот за 2009 година е рестриктивен кај некои ставки што се непродуктивни, како што е за стоки и услуги, и на сметка на тоа се…