Ное 22, 2008

Медиумите во Македонија се изложени на политички влијанија, вели евроамбасадорот Ерван Фуере

Македонија на меѓународните ранг листи забележува пад во оценките за слободата на говорот.Последно, минатиот месец на ранг листата на „Репортери без граници“ земјава забележа пад за шест места споредено со минатата година. Негативни забелешки за слободата на медиумите регистираше во својот последен извештај и Европската Комисија. Медиумите во Македонија се изложени на значајни политички влијанија и од оваа ситуација мора да се излезе, е пораката која ја упатува евроамбасадорот во земјава Ерван Фуере: „Ова е многу реален и сериозен проблем и извештајот на Европската Комисија беше многу јасен…

Ное 22, 2008

Вонредна временска прогноза за Македонија

Вонредна временска прогноза со најави за врнежи од дожд и снег и значително ниски температури, за Македонија и регионот, објави за денеска Хидрометеролошкиот завод.Врнежите од дожд кои ќе почнат да паѓаат рано утрината постепено ќе преминуваат во врнежи од снег и на пониските места. На повеќе места ќе се формира снежна покривка. Дневната температура значително ќе падне, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер.Студено и со слаби врнежи од снег ќе биде и в недела. В понеделник утринските температури ќе се спуштат и до минус десет степени.Викендов времето ќе се влоши и во другите држави од…

Ное 21, 2008

Македонска делегација учествува на Европски банкарски конгрес

Делегација на Министерството за финансии, предводена од министерот Трајко Славески денеска учествува на Европски банкарски конгрес во Франкфурт, Германија.Тема на конгресот се актуелни економски прашања, како што се девизниот режим во светот, политиките во светскиот монетарен поредок, финансиите по кризата и слично.Конгресот е еден од најпрестижните настани во областа на банкарството, а на него се очекува да говорат гувернерот на Европската централна банка, Жан Клод Трише, германскиот претседател Хорст Келер, претседателот на Европска банка за обнова и развој Томас Мироу, како и голем број …

Ное 21, 2008

Белата куќа смета дека Македонија заслужува членство во НАТО

САД сметаат дека Македонија заслужува членство во НАТО и ќе продолжат да работат за приклучување на земјата во Алијансата, изјави портпаролката на Белата куќа Дејна Перино.„Ние сме разочарани од темпото со кое напредува процесот на зачленување на Македонија во НАТО. Сметаме дека таа го заслужува тоа, и ние ќе продолжиме да работиме на случајот“, кусо прокоментира синоќа портпаролката Перино на прашање од грчки новинар кој имплицираше дека тужбата на Македонија против Грција во Меѓународниот суд на правдата може да го забави процесот на изнаоѓање на решение за спорот за името. {loadposition …

Фев 26, 2022

Исчезна 10-годишно дете во Мариово

Вчера попладне околу 16 часот во атарот на селото Врпско, во прилепско Мариово е изгубен 10-годишниот Петар Џобески од Прилеп. Неговото семејство апелира за помош секој кој може да појде во Мариово и доколку го познава теренот да помогне во потрагата која што е во тек. Спасе Чакрески, жител на село Витолиште за Сител истакна дека станува збор за екстремно опасен терен и потенцираше дека ситуацијата дополнително ја усложнува тоа што детето е со посебни потреби. Малиот Петар е загубен околу 16 часот, кога од дворот се упатил во непознат правец. Тие се жители на Прилеп, но во Врпско чува…

Ное 20, 2008

Регионален економски форум на претседателите од ЈИЕ во Охрид

Охрид денеска и утре е домаќин на петтиот Регионален економски форум на претседателите на државите од Југоисточна Европа 2008 (РЕФ СЕЕ), што годинава се оддржува под покровителство на претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски. Учеството на Форумот го потврдија претседателот на Хрватска Стипе Месиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Бугарија Георги Прванов, на Албанија Бамир Топи, членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Небојша Радмановиќ, високи претставници на влади, на водечки компании, банки и деловни асоцијации, како и припадници на академски заедници и претстав…

Ное 20, 2008

Средба на министерот за образование со ректорите и деканите

Министерот за образование и наука Перо Стојановски денеска ќе оствари работна средба со ректорите, директорите и деканите на приватните високообразовни установи во Република Македонија. Тема на работниот состанок ќе биде „Состојбата во приватните високообразовни установи во Република Македонија“.   {loadposition content9}

Сеп 19, 2017

Донесени законите за укинување на радиодифузната такса и стечајците

Собранието денеска едногласно, со 82 гласови „за“ го донесе Законот за стечајни работници. Со законот се овозможува околу три илјади луѓе да добиваат месечен надомест од по 7.596 денари, односно 34 проценти од просечно исплатената месечна нето плата минатата година. Тоа ќе го чини буџетот околу пет милиони евра годишно. Невработените лица опфатени со законот треба да имаат најмалку 15 години стаж во претпријатијата со доминантна сопственост на државата, а таму работниот однос да им престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 30 јуни годинава. Ќе важи само за…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top