Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска ќе учествува Состанокот на шефови на дипломатии и на Самитот на претседатели на влади на земјите-членки на Централно-европската иницијатива што се одржува во Кишињев, Молдавија.Тема на министерскиот состанок, како што соопшти МНР, е улогата на ЦЕИ во јакнењето на регионалната соработка и интеграцијата во Европската унија. На Самитот на ЦЕИ ќе биде разгледана ситуацијата во регионот, а ќе биде усвоен и финален документ што се однесува на улогата на Централно-европската иницијатива. Со овие собири завршува претседавањето на Молдавија с…
Наоди и препораки од спроведената Анализа на капацитетот за добро управување во локалната самоуправа, ќе презентира денеска Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.Како што е соопштено, анализата, изработена во рамките на проектот Процена на потенцијалот за добро управување во Македонија, е фокусирана на администрирање на локални даноци и такси, урбанизам и култура, во 13 општини.Заклучоците и препораките од анализата се однесуваат на законите и прописите, организациската поставеност, процедурите за спроведување, развојот на човечките ресурси, потребите за обука, услугите кон г…
Управниот суд ги отфрли тужбите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата на Албанците, ТМРО и Левица, така што нема да има прегласување на првиот изборен круг од локалните избори на ниту едно избирачко место. Едно од решенијата на ДИК за избирачко место во Сарај, Управниот суд го поништил, но тужбата ја отфрлил со заклучок дека броењето на законите било според законските прописи. ДИК за ова гласачко место во Сарај наместо за приговор кој се однесува за Советот на општината, расправал за Совет на Град Скопје.
„Ги очекувам одлуките кои се очигледно изготвени, да ни бидат доставени, и да биде изго…
Опозиционата СДСМ денеска во парламентот ќе поднесе интерпелација за министерот за образование Перо Стојановски, поради, како што соопшти. „неподносливата ситуација во образованието“.Интерпелацијата се совпаѓа со штрајкот на просветните работници, за кој СДСМ изрази поддршка, а притисоците што врс штрајкувачите се вршат од централна и локалните власт на ВМРО ДПМНЕ ги оцени како „ скандалозни“.„Парите потребни на годишно ниво за да се исполнат нивните барања за покачување на хранарината и превозот се 20 милиони евра. Владата само за реклама во еден медиум против штрајкот на СОНК, дневно трош…
Во оруженито напад што околу 12,30 часот беше извршен во близина на Природно математичкиот факултет во Скопје е убиен Африм Арифи (39) припадник на полициската единица Алфи.Други двајца припадници на единицата, на возраст од 33 и 37 година, се ранети. Едниот е во критична состојба, а другиот е полесно ранет.Деталите за оружениот инцидент попладнево на вонредна прес конференција ги соопшти министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.За мотивите на оружениот напад, полицијата не исклучува дека е можна одмазда за неодамнешните апсења на повеќе криминалци, но, засега нема повеќе сознани…
Штрајкот на просветните работници продолжува и денеска, беше одлучено на синоќешната вонредна седница на Синдикатот за образование, наука и култура(СОНК).Лидерот на СОНК, Дојчин Цветановски синоќа изјави дека вонредната седница е свикана поради силните притисоци што штрајкувачите ги чувствуваат од Владата.На седницата присуствуваа и вицепремиерот Зоран Ставревски, министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска, како и министерот за образование Перо Стојановски.Вицепремиерот Ставревски рече дека Владата сега не може да обезбеди дополнителни средства за зголемување на платите, поради светс…
По повод 10-годишнината од постоењето на Скопското астрономско друштво и како дел од активностите за прослава на Меѓународната година на астрономијата – 2009 во Културно-информативниот центар ќе биде прикажана првата изложба на астрофотографии во Македонија. Изложбата вклучува фотографии од различни небесни објекти, планети, комети, метеори, галаксии, ѕвездени јата, маглини, изработени од членови и пријатели на Друштвото од Македонија и од Балканот, како и фотографии од активностите на Скопското астрономско друштво.Изложбата е спонзорирана од Министерството за култура на Република Македони…
Продлабочување на политичко – економската соработка, како и интегрирањето во НАТО, ќе бидат теми во фокусот на посетата на Норвешка, што македонскиот премиер ја почнува денеска.Како што е соопштено во Скопје, премиерот Никола Груевски ќе има средби со неговиот норвешки колега Јенс Столтенберг, како и со министерката за одбрана, Ане-Грете Стром-Ериксен.Предвидено е во рамки на дводневната посета, Груевски да биде примен и од норвешкиот крал Харалд V и од претседателот на Собранието Торбјорн Јагланд.Груевски предводи владина делегација, во која се вицепремиерот Абдулаќим Адеми, министерот за …